[Литература] Лела Станисављевиќ – VIII одд.
Што ме движи кога сè стои?
Светот запре,
немаше никакво предупредувње.
Улиците по кои чекорев
ги бришеа моите стапки.
Што се случува во овој огромен и суров свет?
Јас паѓам овде,
дали има излез од оваа мака?
Дали она што ме движи е само копнеж по нормалниот живот
или пак надежта за подобро утро?
Ми недостасува чувството за слобода и
насмеаните лица без маски,
ми недостасува прегрнувањето,
ми недостасува ракувањето.
Сепак и моето прашање одговор доби,
сега знам што е она што ме движи,што ме бодри.
Слушнете ме сега сите црни,жолти и бели,
сакам секој од вас уката моја да ја дели!
Лошото треба да се брише
за доброто песна да напише.
Природата да си ја сакаме со секое село,
да научиме и дека во секое црно постои и бело.
Малите нешта да ги гледаме со големо значење,
љубовта од саканите луѓе да ја примаме без многу мачење.
Јас знам пак ќе има концерти и претстави,
ќе има и светлина откако ќе се стемни.
Надежта сите ќе нè теши,
ама мистеријата ќе се реши.