[Литература] Кристијан Калов – VIII одд.
Што ме движи кога се стои
Да прашам: Навистина ли застана светот?
јас бев зафатен гледајќи го на птиците летот.
Кој тоа таму се намуртил и се жали,
дека со светот владеат чудесии, микроскопски, мали?
Нешто читам за верзии, теории на заговор се шират,
дека “големите луѓе”додека не не чипираат нема да се смират.
Од друга страна научниците се трудат, кршат прсти,
ја бранат науката со докази, истражувања, научни и цврсти.
И додека со светот нешто навистина чудно се случува,
да одберам разумност цврсто за себе одлучувам.
Нема да дозволам надворешни влијанија,
да влијаат врз мене и моите сознанија.
Јас знам дека животот е сега и тука,
знам дека во мене разумно срце чука.
Не сакам да слушам вести кои ме тиштат,
од приемници кои со сензационализам пиштат.
Ќе оставам да ме движи магијата на радоста,
да ме понесе убавината на надежта и младоста.
Ќе погледнам во себе, ќе земам длабок здив,
не сакам да слушам обвинувања кој за се ова е крив.
Способен сум да се прилагодам и да творам,
сакам за љубов, уметност и книги да зборам.
Ќе оставам бранот на добрината да ме преплави,
а вам ве советувам да мислите со своите глави.
Животот е поубав ако се свртите кон себе и природата,
да бидете благодарни, како мене, за себе и за слободата.
Раширете ги рацете и добрата мисла нека ви биде водилка,
пречекајте го секој нов ден, ко бебе кое го чека мајка родилка.
Да прашам: Навистина ли мислите дека заедно со светот стоите?
уште ли деновиве од кога почна ова неуморно ги броите?
Опуштете се и верувајте дека животот е големо чудо,
ќе помине и ова време, за некои непријатно, токсично и лудо.