[Литература] Кристина Дукоска – IX одд.

„Што ме движи кога сè стои?“

„Среќа,љубов, разбирање и почит“

 

Изминатата година и оваа како да се споени во една .Стана една цела година .Сите прослави ,родендени и убави случувања фрлени се во сенката на вирусот.Се чувствувам како животот забавено полека и споро да се движи на Филмска лента  .Ние сме актерите но некој друг го режира нашиот живот .Дали е ова некој тест за целото човештво ?Дали некој ги тестира нашето трпение ,надеж  и откажување?

Новите познанства  и другарувања се се повеќе  по онлајнлинии , линкови, тимсови. Засега комуникацијата ни зависи од сигналот на интернетот. Физичкото дружење со старите другари е секојпат со маска тргнуваш да се прегрнеш – СТОП растојание страв и претпазливост.  Но знам дека ќе помине и ова , ќе си подадеме рака ќе се прегрнеме  и повторно ќе ја почувствуваме онаа топлина  што значи љубов, среќа , радост , авантура  Во овој вакум на простор и време на далечина делува и првата љубов , бакнеж и прегратка . Се чувствувам заробена во времето, како сé да застанало и стои. Но, што ме движи и поттикнува за да ја  надминам  сегашноста? Во природата на човекот е да  се биде оптимист, да се надева , да се бори и да не се откажува. Да имаш падови  и неуспеси но секојпат да станеш  да се кренеш од дното и да се исправиш,  да не се откажеш туку да продолжиш . Кога е скршено да го составиш, залепиш или поправиш.Таква е природата на човекот.

Да го гребеш црното и секојпат да ја пронајдеш белата точка во темнината  тоа е силата на животот Да го насмееш тажниот, да му ја залечиш раната на ранетиот, да  бидеш причина за нечија среќа  да живееш со убава мисла , да се радуваш на успехот на својот пријател како да е твој успех е тоа е да се биде човек и човечен .Тоа го движи светот и луѓето. СРЕЌАТА ,ЉУБОВТА ,РАЗБИРАЊЕТО,ПОЧИТТА но и молкот да го премолчиш и разбереш туѓото страдање, тага и говорот на тишината .Да се живее секој ден како да е последен, да се радуваш на семејството и своите најблиски кои се столбот на среќата и радоста. Но застана ли сé?

Сонцето изгрева , месечината доаѓа и заминува, Земјата се врти, годишните времиња се менуваат, но ние луѓето сеуште се бориме со чувството на заробеност.Велат сé е до мислата. Точно,таа се менува, но да ја носиме со себе убавата мисла. Мислата е таа што ме движи кога мислиме дека сé стои. Позитивната мисла, за подобро утре бидејки знам дека секојпат има и полошо од лошото. Ни се промени животот, но мора да прифатиме, тешко е но ќе успееме.Животот е како равенка  со многу непознати, но основата на решението е собери ја среќата+ љубовта + добрината одземи ја тагата, омразата, негативноста и сето тоа помножи го со многу насмевки и добри дела  и подели го со останатите луѓе така полесно ги решаваш непознатите во животот. И досега човекот требаше да научи дека болеста не бира по бојата на кожата, верата или пак по тоа колку си материјално богат и дали си млад или стар, жртва може да биде секој.Затоа сите како едно цело треба да ја победиме оваа сегашност за таа да биде минато.

+134