[Литература] Катерина Богдановска – IX одд.
Награден конкурс гимназијата Алгоритам
Тема: Што ме движи кога сè стои?
Надеж
Кога времето застанува само надежта останува.
Таа низ секој миг не води и на нашата самодоверба и годи.
Надежта е присутна во секој од нас само треба да ни даде глас.
Таа е тука за сите луѓе без разлика на нивната вера, пол и боја засекогаш во срцето и само твоја.
Мене таа ми дава огромна сила и секогаш ја пречекувам со насмевка мила.
Тука е до последниот миг и секого го остава без здив.
Надежта никого не суди и во сите луѓе верба буди.
Вербата ни дава сила да продолжиме понатаму без оглед на сè.
И тогаш кога сакаме да се откажеме и да речеме дека е крај таа ни дава насмевка на лицето и сјај.
Тогаш знаеме дека не треба од неа да се откажеме и голема сила да покажеме.
Бидејќи само така ќе можеме да докажеме колку ние всушност сме силни.