[Литература] Каја Гркова – IX одд.

Што ме движи кога се стои ?

 

Насмевките на лицата и среќата кои што произлегле како резултат на моментите поминати со семејството и пријателите, претставуваат апстрактен превоз кој не движи и кога се стои. Оваа реченица почесто произлегува од гласовите на некои наши пријатели, наставници, се споменува и во книги, филмови како и во емисии, но дали е тоа единствениот апстрактен превоз кој што може да не движи кога се стои ? Сите луѓе се разликуваат по начинот на кои размислуваат и гледаат кон некои нешта, на пример мојот апстрактен превоз кој ме движи и кога се стои претставува целта за успешна кариера и подобар живот.

Населението на планетата Земја изнесува огромна бројка од седум милијарди луѓе, од кои околу две милијарди го сочинуваат децата. Многу психолози имаат потврдено дека детството е една од најубавите фази во животот. Тоа претставува период во кои доминираат: плишените и пластичните пријатели, разни цртани филмови, игрите, дружбата, креативноста, сликовниците во секакви бои, книгите со интересна и едукативна содржина како и поминувањето повеќе време со семејството. Сите овие фактори формираат еден извор на детска среќа, од кои како резултат блика насмевка на малите лица, но за жал детството не го доживуваат исто сите две милијарди деца. Околу сто и четириесет милиони од децата се без родители. Не се запознаени со чувството да се има семејство и да поминуваат време со нив. За разлика од децата кои го доживуваат детството како една извонредна авантура со секојдневни нови и интересни предизвици, овие деца се запознаени подобро со поимот тага. Тоа претставува секојдневие кај некои од нив. Можноста за подолга игра, цртани филмови, сликовниците и играчките може би им се ограничени, но затоа можноста за образование не им е ограничена. Од мали нозе овие деца градат свој став со цел да можат да донесуваат подобри одлуки самите за себе. Со стекнувањето на знаењата почнуваат да покажуваат повеќе интереси кон одредена струка и да формираат визија за идна професионална кариера во таа струка која ќе ги понесе по патот на успехот и обезбедувањето подобар живот за себе. Визијата за успех во иднината им дава сила и подршка кога им се причинува дека лошите работи кои што ги опкружуваат стојат замрзнати во времето. Благодарение на таа визија некои деца можат да ја рашират насмевката и за миг да заборават на проблемите и покрај тоа што немале почувствувано родителска љубов и семејна атмосфера, како и ограничените работи за подобро детство. Оваа визија се разбира не се појавува само кај децата без родители, може да се појави и кај деца со родители кои живеат во тешки услови и немаат многу голема финансиска подршка. Кај овие деца и млади визијата се оформила како резултат од тешкиот живот и сиромаштијата како дел од секојдневието. Желбата побрзо да се спасат од тој живот ги мотивира да почнат да се интересираат околу образованието како основа за добро работно место кое ќе ги надополни сите недостатоци и потреби во идниот живот. Сепак и да живеете со семејство во добри финансиски услови тоа не ви гарантира среќен и исполнет живот. Некои се соочуваат со семејни проблеми, на други пак може да не им се допаѓа тоа опкружување и атмосфера, па градат визија за кариера во животот која ќе може да ги снабдува со финансиски услови во иднината. Луѓето што размислуваат така најчесто не сакаат многу внимание од смејеството. Повеќе практикуваат помал круг на луѓе кои што ги опкружуваат одколку поголем круг како семејството. Во овие три примери, визијата за успех и подобар живот ги движи кога се стои.

Некои луѓе пак го избрале овој апстрактен превоз поради желбата за внимание од медиумите, односно за славата. Со успешна кариера се привлекува повеќе внимание кај медиумите кои пренесуваат информации во јавноста, така освен вниманието од медиумите се добива и внимание од јавноста која е желна по нови настани, драми и информации во врска со светот и познатите лица. Луѓето стануваат познати најчесто пред почетокот на триесетите години. Според докторот Ганц Феранс (канадски психолог) за да успеете во целта да бидете познати и да се слуша за вашите дела широко во светот, потребно е да сте подготвени на многу одбивања кои може би ќе ви изгледаат како да немаат крај, на пресуди( може да бидете осудувани за вашиот изглед, грешки од минатото како и за кариерата која ја водите и досегашниот успех) и секако и на негативните коментари кои не пропуштаат ниту една прилика да шират омраза кон вас и вашата кариера. Овие фактори ќе бидат присутни како и на почетокот на вашата кариера така и за време на кариерата и по постигнатата цел во животот. Исто така доктор Ганц Феранс додава и дека ако поседувате големо его тоа може да ви помогне во справувањето со проблемот во критицизмот упатен кон вас и вашата кариера. Лицата кои имаат желба да бидат познати вообичаено се насочуваат кон музичката индустрија, филмската индустрија, модната индустрија или во книжевноста. Славата можете да ја добиете со секоја професија доколку сте доволно креативни и знаете како да го привлечете вниманието на медиумите и јавноста, но најчесто луѓето се определуваат во професии како: пеајач/пејачка, глумец/глумица, режисер/режисерка, моден дизајнер/дизајнерка и манекен/манекенка. Желбата за слава докажува дека луѓето ќе поминат и низ лоши периоди само за да успеат во струката која што ја избрале и да создадат претпознатливо име во јавноста.

Сепак и покрај овие причини има луѓе кои се издвојуваат според начинот на кој гледаат кон визијата за успешна кариера и подобар живот. Целта на тие луѓе е да го променат светот, односно да придонесат во развивањето кон подобра иднина за следните генерации, да воведат нови начини за понатамошна функција во некои струкии и да привлечат повеќе внимание кон тие струки како и подобрувањето на животот во сегашноста и иднината за луѓето, животните и природата . Луѓето кои што си поставиле ваква цел во животот имаат намера да го докажат својот потенциал пред светот, да го покажат капацитетот кој се крие во нив и нивните бурни идеи преку разни дела. Во тие луѓе можам да се издвојам и јас. Еден ден би сакала да направам промена и унапредување во некои од струките како хемијата или правото и литературата. Хемијата како наука лично мене ми е многу интерсна. Благодарение на развојот на хемијата денес се пронајдени многу лекови кои можат да помогнат во лечењето и на најтешките болести. Пронајдени се и многу елементи ( претежно метали) кои ги користиме за најразлични потреби како и соединенија и соли кои ги употребуваме во секојдневниот живот. Денес оваа наука е доста развиена, но сметам дека има уште неоткриени работи кои може би еден ден јас ќе ги откријам и ќе им ги презентирам на луѓето. Правото пак претставува општествена наука во која одговорноста, свеста и борбениот став се неопходни. Целта на правото е причината која ме привлекува кон оваа општествена наука, да се воведе ред и еднаквост за сите. Покрај двоумењата во овие две науки, литературата се впротна во моите мисли. Со читањето повеќе книги се појави и желбата еден ден луѓето да читаат мои книги. Пишувањето го подразбирам како пренесување на мислите од внатрешниот глас на парче хартија во кое се претставува креативноста на авторот со зборови, а читателите читајќи ја претставуваат со најразлична имагинација. Во книгите се искажуваат и најразлични искуства и настани кои можат многу да му помогнат на читателот доколку се пронаоѓа во некоја од тие ситуации. Психолозите го препорачуваат пишувањето како вид на терапија. Оваа терапија всушност претставува водење дневник каде личноста се искажува во врска со најразлични работи како чувства, настани и проблеми. Мојата цел во пишувањето е да привлечам повеќе читатели кон моите фантастични, мистериозни и едукативни содржини и да се обрне повеќе внимание кон литературата од страна на јавноста и медиумите . Мојот избор за идна кариера би бил пишувањето и кариера во една од науките хемија или право, во кои исто така сакам да променам нешто по кое што светот долго ќе зборува. Визијата за кариера во овие области е токму тоа што мене ме движи кога се стои.

Спомените од моментите изминати со семејството и пријателите можат да ви дадат сила и во најтешките периоди. Оваа реченица секако има значење, но сепак има луѓе кои делат и друго мислење. За некои помислата за успешна кариера во иднината и подобар живот им дава мотивација да ги пребродат и лошите периоди во животот.

 

+147