[Литература] Каја Ристеска – II одд.
“Што ме движи кога сé стои?”
Многу работи ме движат кога сé стои,
мојот свет е разигран во илјада бои.
Ме движат прегратките
на мама и тато,
кога ќе речат ти си наше злато.
Ме движи птицата во лет,
која слободно лета низ целиот свет.
Ме движи сјајното сонце
кое за сите нас исто грее,
тоа исто како и јас не ги дели луѓето
по вера, боја на кожа, сиромашни, богати,
луѓе со добри и лоши мисли,
за него сите се исти.
Ме движи толеранцијата, солидарноста,
но најмногу љубовта
која никого не развојува,
туку во едно срце сите ги спојува.
И кога сé стои,
моето детско срце на секого љубов му дарува
мирот насекаде да царува,
да нема жедни, гладни и за топол дом страдни.
+91