[Литература] Лана Малевска – V одд.

Што ме движи кога сè стои?

Што ме движи кога сè стои?- Кога ќе се запрашам ова прашање одговорот ми е едноставен. Тоа се семејството и другарството. Моето семејство како и секое друго сака да ми овозможи што е можно подобри услови за моето образование, растење, развој и среќа. Некои луѓе можеби мислат дека среќата е во парите, но тоа не е точно. Семејството е најголемата среќа, љубов и поддршка. Без нив нема да постоиме. Јас сум многу богата бидејки имам сестра која е најдобра на целиот свет и пошироко. Таа ме советува, си игра со мене и понекогаш ме кара, но знам дека не сака да ми наштети. Taa ми ја створи љубовта кон книгите и кон пишувањето. Работите што таа ги прави за мене понекогаш знам да не ги приметам во моментот, но потоа гледам колку ми значат. На пример секогаш е тука да ми помогне за математика или за било кој друг предмет. Иако на почеток не сум многу среќна, подоцна дознавам дека ми има отворено сто нови занимации и интереси. Кога ќе ме гушне се чуствувам безбедно и како да немам веќе грижи. Тука е кога ми треба некој да ме насмее или да ме развесели . На мојата сестра најмногу и верувам и во нејзе се заклучени сите мој мали, но и важни тајни. Секогаш не себично ми позајмува облеки, пенкала, а и нејзиниот чешел. Многу сум тажна бидејки ќе се сели да живее во Германија, но исто времено сум среќна и горда на нејзе што си ја остварила целта во животот. Среќна сум дека имам рамо на кое се потпрам и на кое некогаш знам да заплачам. Среќна сум заради тоа што имам сестра. Таа навистина ми го води животот во подобар правец и е радоста на мојоот живот. Ги имам најубавите, најдобрите родители. Татко ми е секогаш тука кога ми треба гушка или добар совет. Од него учам секој ден а, и знам дека секогаш ќе ме сака. Тој е многу смешен и секогаш ме брани. Многу ми е интересно кога ми ги раскажува приказните од неговото детство. Со него возам велосипед и секогаш ми е забавно во негово друштво. Мајка ми е полна со љубов и нега за целото семејство. Секогаш ја нуди својата помош за било кое мало нешто,а знам дека секогаш кога ќе ми е потребно прегратка, таа ќе биде тука. Понекогаш знае да ме поправи и поучи но, тоа е само од нејзината љубов и грижа кон мене. Со неа ги имам нејубавите прошетки во кои можам да и ги раскажам сите мои интересни доживувања а, таа ги слуша со сето свое внимание. Обожавам да цртам, да изработувам алки и да свирам на клаввир, но без нив ништо од тоа нема да беше возможно. Низ оваа авантура со пандемијата најмногу помош добив од моите другарчиња. Заедно со моето одделение докажавме дека и ако не можеме да се видиме физички можеме да се дружиме преку разни апликации и видео игри. Тие и кога светот ќе ми се сврти наопаку успеваат да ме развеселат. Имам прекрасно одделение во кое си зборуваме играме си кажуваме тајни понекогаш знаеме да се искараме, но сметам дека тоа е нормално. Имам најдобра другарка која е тука со мене во кое време и да помислам да помогне. Со нејзе ги споделувам сите мои приказни. Ние се знаеме 5 години сепак се немаме никогаш скарано подолго од еден ден. Ја чувствувам како да ми е сестричка. Многу често кога бевме помали на големите одмори во училиште кај скалите заедно ги чекавме мојата сестра и нејзиниот брат да се симнат за да ги гушнеме, потоа одевме во училницата и си ги правевме косите, а некогаш и правевме кореографии со другите девојчиња. Тоа ме потсети, ние заедно имаме одено 2 пати на емисијата „Ѕвон “. Кога бевме таму се уплашивме малку, но сепак сите заедно го надминавме стравот. Ние заедно секогаш сме посилни и со онлајн наставава мислам дека многу се зближивме и се запознавме подобро. Игравме карти, брза географија и една компјутерска игра наречена „Роблокс“. Исто така, сега почнуваме да формираме музичка група. Јас ќе свирам на клавир а имаме и тапани и гитара. Нас ни фали уште пеачка или пеач и бас гитара. Ќе се вика 5 огнени стрелки бидејки сме петто одделение и ќе бидеме петорица во групата. Сепак, искрено ги сакам сите 26 деца од моето одделение, бидејки сите од нив имаат различни особини и карактери. Се надевам дека наскоро ќе можам сите да ги видам и силно да ги гушнам. Навистина сум најсреќното девојче на светот што имам семејство и другари што секогаш ќе ме сакаат, а кога се ќе стои тие мене ќе ме движат.

+159