[Литература] Јована Мечева – III година
Што ме движи кога сè стои?
И додека се движиме кон животот навидум шарен
Сфаќаме дека тој не е генерална проба.
Транспортна лента наречена „време“ нé воведува во правец еден.
Го движиме времето,местото
Ги пречекоруваме границите.
Нашите цели се експлицитни и гласни.
Нé движат нашите капацитети.
Ако се предвижиме ние ќе можеме слободоно да извикаме“Ова сум јас!”
И нели тоа чувство за себе е наша крајна цел.
Ако некој нé праша дали сме здрави,дали сме добро како би му одговориле?
Никако,човековата природа реагира кога сè стои.
Стои времето,институциите,манифактурните работници.
Кои се тие базични вредности?
Зарем треба да потклекнеме на пречките на кои ќе наидеме.
Предавајќи се го стопираме процесот на самооткривање.
Но каде е неисцрпната мотивација во нас?
Кристално јасно е дека се може.
И во тој мрак,во мене парче шареноликост која ме движи.
Да го покажеме она што никогаш не сме биле
Она што ќе не придвижи е тек она што ќе бидеме.
Животот е само игра за будалите,
Комедија за богатите
Трагедија за сиромашните.
Зарем да се криеме и да го чекаме животот како поминува.
Да бидеме помалку видливи и да играме епизодни улоги.
Автономијата е во наши раце.
Законите на животот се само дадени правила на игра што не сме ги измислиле.
Вреди да се обидеме,бидејќи само така ќе излеземе како победници.