[Литература] Јани Стојаноски – I година

Што ме движи кога се стои

 

Мојата движечка сила е хуманоста и солидарноста.Ова е најмалку што можеме да сториме за да го спасиме човештвото.Секој поединец придонесува за промена во целина и тоа ги праве сите различности.Хуманост е збор кој често го слушаме,но дали го знаеме вистинското значање на зборот хуманост. Хуманоста е градење на подобар однос кон сите човечки суштества. Многумина го употребуваат зборот хуманост , а воопшто не ја практикуваат. Но, така си тече животот се додека не не сепне нешто што ја става на преиспитубање нашата човечност, нашата хуманост.

Сите луѓе околу нас зборуваат колку некој е хуман или не е , а всушност и самите тие не знаат за хуманоста. Затоа можеме да кжеме:„Сите околу нас се луѓе, а толку е тешко да се биде човек“. Хуманитарни акции, проекти и организации има многу но колку ние луѓето сме заинтересирани за тоа. Секогаш кога ќе го слушнам зборот хуманост се запрашував.

Може ли војната да биде похумана?Може ли природните непогоди да бидат похумани?Зошто само тогаш ќе слушнам дека некои од луѓето донираат за да помогнат.

Морам да кажам дека хуманоста не се искажува само со пари.Некогаш и топол збор помага многу,имало случај кога на луѓето навистина им се потребни пари,и се собира,но на крај нема кој да им помогне за успешно да ги искористат и да ги средат работите.

Поддршката која навистина им е потребна на луѓето кога се во тешка ситуација,утешните зборови,и тоа е хуманост.Луѓе сме,и само со луѓе не бива,мораме да бидеме хумани,на ваков или онаков начин.

Сите треба да бидат хумани, луѓето кои имаат многу често не се многу хумани.

Луѓето треба да се почитуваат меѓусебе и да даваат на тие што им треба. Треба сите да ЗНААТ за нештата кои можат да се случат ако тие луѓе не се помогнати.

За да дојде ова глобално, треба да се почне од мали нешта!

Затоа ПОМАГАЈТЕ.Хумани сме бидејќи сакаме да бидеме.

Да се биде хуман не е себичност .Хумани сме бидејќи некои луѓе сметаат на нашата помош. Хумани сме бидејќи чувството да спасиш човечки живот е непроценливо. Хуманоста е општествена вредност.

Таа е дел од нашите принципи.Таа е дел од нашата животна етика. .

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ЗОШТО ХУМАНОСТА СПАСУВА ЖИВОТ.

За едни хуманоста значи да подариш нешто,за друг да помогнеш некому,а пак некој го изговара без да го знае неговото вистинско значање.

 

Некој човек рекол:„Биди хуман,биди човек“!

 

 

Оваа мисла ми го одзема умот.За мене хуманоста е највеличествената ,најчовечката работа.Бидејќи ако нема хуманост,ќе нема човечност.

Да даруваш крв ,значи да спасиш човечки живот.Ете тоа е хуманост.Хуманоста е вредност која никогаш не престанува.

Хуманост е и да даруваш радост на некој кој не ја почувствувал ниту радоста,ниту среќата во животот.Хуманоста е и надеж и среќа.Пред се време за давање љубов на сите оние на кои им е потребна.

Хуманост е да бидеш скромен,а всушност богат во душата.Богатите луѓе најчесто се себични и не сакаат да помагаат на сиромашните и беспомошните.Себичните луѓе не знаат што е хуманост,тие се најсиромашните луѓе бидејќи душата им е празна.Хуманост не се кажува,таа може да се докаже и покаже на многу начини.Хуманоста ја отсликува големината на еден човек.Таа е најчовечната особина,доблест за секој поединец.Хумани сме бидејќи сакаме да бидеме.Хумани сме бидејќи некои луѓе сметаат на нашата помош. Хуманоста е доблест на добриот човек.Хуманоста не се учи,таа се поседува во духот.

На крај само ќе додадам,во светот постојат многу хумани луѓе.Луѓе достојни за почит,луѓе за пример.Меѓу нив е мајка Тереза,симбол за хуманост кој треба сите да го следиме,легендарниот наш Тоше Проески кој кога ке ги спомнам нивните имиња ме асоцираат на хуманост.

Затоа можам да кажам ,во оваа време -невреме ,време кога царува оваа опака болест да ги сплотиме рацете заедно и да бидеме хумани,со заеднички сили да помогнеме на секој и да ставеме крај на оваа ужасно време. Би завршил со еден апел за хуманост,со апел за човештво.. Во светот па и во Македонија за жал постојат деца со тешки болести , деца без родители, деца со маани. Тоа се мали борци,кои се борат секој ден да ја добијат секоја битка во нивниот живот. Затоа да бидеме хумани да донирааме да се организираме за да помогнеме во некоја болница на децата на кои им е потрeбна помош да се излечат

Можеби за нас тие пари се малку , но за нив се многу затоа што се дадени од срце.

 

 

 

 

 

+279