[Литература] Ева Стојковска Палевска – VII одд.

 

ШТО МЕ ДВИЖИ, КОГА СЕ СТОИ?

 

Пред на почнам да го пишувам овој текст, мислев, мислев и сериозно размислував што би можела да напишам, што е тоа што ме придвижува. Што е тоа што знае да ме стане од кревет и кога ни око на ми се отвара? Што е тоа што ме тера да продолжам понатаму? Што е тоа што ме тера да го дочекам следното изгрејсонце дури и кога уживам во темнината која секогаш ја има темната прекривка и знае да ги скрие и покрие нештата. Која е таа сила што неосетно се буди во нас и не придвижува? Можам само просто и површно да помислам и веднаш да одговорам дека инспирација во ова тешко време ја црпам од мојата фамилија, моите пријатели, можеби дури и многуте интересни книги што ги читам, секоја со својата поучна порака и животна мудрост исткајана низ судбините на главните јунаци. Јас секогаш сакам се да е одлично напишано, па затоа се мислев неколку часа за начинот на кој можам да го доловам моето чуство на инспирација кога се замира околу мене, но на крај одлучив дека треба да пишувам дирекно од моето срце, што навистина мене ме движи, што е мојата инспирација посебно во ова тешко време кога изолацијата и отуѓувањето од луѓето предизвикано делумно од пандемијата а делумно од човековата природа е повеќе од осетливо. Во оваа пандемија каде што ковид – 19 коси насекаде на еден или друг начин.

Мојата најголема подршка во живототот, мојата најголема среќа, мојата инспирација, мојата подвижна сила во тешки моменти е моето семејство, мајка ми, сестра ми и татко ми. Тие се стожерот на мојата среќа, но тие се и столбот на мојата стабилност и приземјеност, тие се и моето рамо за плачење кога завесите од магла надвиснуваат прекривајќи ги ведрите моменти. Без нив не би сакала да си го замислам мојот живот, тогаш би го немала ветрот што го движи воденичарското тркало, моторот кој ја движи колата, коњот кој ја влече запрежната кола. Кога грешам и не сум ни свесна за тоа, тие се тука да ме поправат. Кога се трудам да постигнам нешто и се стремам да достигнам нешто што го залужувам и за кое напорно сум се трудела и работела, тие се тука да ме поддржат, тие се секогаш тука за мене кога ми требаат. Сите мигови на мојата неизмерна среќа и возблик тие се тука да ги зголемат и помножат со бесконечност, да ме возвишат и да осетам дека тоа е суштината на животот. Во сите мигови на тага тие се повторно покрај мене, нудејќи ми утеха, прегратки и искрени совети, укажувајќи ми дека после секоа тага следи среќа, дека после дождот секогаш огрева сонцето и неговиот блесок тогаш знае да заслепи, убедувајќи ме дека животот е циклус од таги и среќи, тркало кое се врти од исткаени спомени и дејствија кои не градат како карактери и кое го носи нашиот автентичен печат. Јас сум секогаш спремна да кројам и уште многу прекрасни спомени, кои ќе бидат врежани во мојот ум засекогаш, како најсакоцените бисери бидејќи знам дека моето семејство е како гума која ги амортизира моите болки и блесок кој ја засилува светлината на среќата. Со сестра ми иако сме голема разлика, односно е помала од мене девет години, имаме прекрасен однос. Таа е тука да ме прави посилна одошто сум дури и кога се осеќам најслабо. Таа е секогаш тука за мене, безгрижно мало четири годишно девојче со своите секогаш насмеани обравчинја, и гледајќи ме со тие искрени мали очиња кои светкаат од возблик. Кога сум со неа јас и да сакам не размислувам за моите проблеми, кои иако се многу мали ме загрижуваат. Таа е мојата извор на среќа и би сакала секој момент да го поминам со неа и се трудам тоа да биде така, иако не секогаш го можам тоа имајќи ги во предвид моите обврски (училиште, тренинзи, воннаставни активности и слично). Таа е најслатката малечка принцеза за мене, таа е моето скапоцено богатство која ми ја дава најголемата сила и ја сакам највеќе на целиот свет. Моите родители се моите спасители. Тие се како магична гумичка која знае да го избрише секое пенкалце кое ќе се стави на груб лист хартија, тие секогаш се трудат да не се грижам за, како што тие би рекле “глупости”, секогаш се тука за мене. Убавината е во тоа што знам дека можам да се потпрам на нив и знам дека секогаш го сакаат најдоброто за мене. Моето семејсто е едноставно најдоброто семејство на светот. Тие се мојот двигател. Тие се изворот на мојата сила и енергија која ја црпам од убавите моменти поминати со нив, од спокојот кој ми се нуди при нашите прошетки низ прекрасниот градски парк, иако сега мора да сме со маски, поради пандемијата. Моето семејство секогаш ги гледа позитивните работи во се, барем јас така мислам и осеќам, па затоа кога се стои тие се една од моите најголемите подвижни сили, во тажните моменти тие ми помагаат да одам напред со животот да не останам заглавена во темнината, бидејќи во животот има и веројатно ќе има многу пречки, но јас и сите ние луѓето ќе мораме да гледаме кон подобрата страна и да успееме да продолжиме, да чекориме нанапред. Секогаш кога се чувствувам лошо тие ме тешат и ми кажуваат како да се поправам. Тие ми помаагат во мојот живот и ми го прават многу поисполнет, позабавен, посуштествен, целлен. Мојата инспирација ја кројам како што се крои прекривка и тоа еден конец од нивните насмевки, еден конец од нивната позитивост, еден конец од нивната мудрост, еден конец од нивната среќа која постојано ги опкружува и така сите преплетени во една целина низ животните прилики и неприлики. Многу сум среќна што го имам своето семејство и сестра ми, мајка ми и татко ми. Тие се мојот вистински двигател и многу ги сакам.

Но, дел од мојата подвижна сила се и моите другари. Тие се секогаш тука кога ми требаат, секогаш тука за да ме насмеат и во секое време слободни за да ми помогнат. Имам неколку најдобри другарки без кои мојот живот не би бил ист, посекако не забавен и радосен. Како што би рекла јас сум среќничка што имам многу прекрасни луѓе кои ме опкружуваат. Тие се тука кога сум во право да се согласат со мене, но исто така и да ме поправаат кога грешам. Секогаш кога имам лош ден, тие пробуваат безуморно да ме насмеат. Кога нешто лошо ќе се случи, тие секогаш ме тераат да гледам на позитивната, посветлата страна и навистина сум многу среќна поради тоа што имам позитивни луѓе околу мене, кои мојот живот го прават поубав, поразновиден и посреќен.

Секако животот има свои пресврти, но се се случува со причина, па затоа морам да верувам дека се што ни се случува нам, добро или лошо има некаква причина. Се разбира дека сите денови не ни се исти, ни оддалеку слични како тој преднего, како претходниот, еден ден е тажен, па друг е среќен, но тоа е цел процес на растење и создевање и сакале или не сакале мораме да го разбереме тоа и да го прифатиме. Едно од моите правила, водилки во животот е: Тешките работи во животот не прават посилни, а нашите лузни се сведоци на нашата храброст. Повторно втонувајќи во подлабоки размислувања на темава сфакам дека овој текст можам да го изнапишам на илјада листови, кажувајќи ги сите прекрасни луѓе во мојотв живот кој ми го прват полесен и ме тераат да се движам понатаму, тие се мојата подвижна сила.

Затоа ако некој праша: Што те движи, кога се стои?

Моето срце одвнатре ќе извика: Моето семејство, моите друари, моите наставници, сите позитивни луѓе кои ми дале некоја животна мудрост и животна лекција, сите кои животов ги распослал низ моите денови, како што еден писател ги распостила своите букви низ празите страници на своите најмудри книги.

 

+91