[Литература] Елена Алексовска VI одд.
Што ме движи кога сè стои?
Се сеќавам, бев петто одделение,
наставникот ни рече на последниот час:
“ Заради корона вирусот, ученици мои
на две недели нè распуштаат нас”.
Започнавме со учење од далечина,
мислевме само кратко ова ќе трае,
но, и по една година сите сме дома
до кога ќе биде никој не знае.
И сè застана, училишта скоро празни,
паркови и игралишта жални, пусти,
другарство што е заборавивме веќе
повеќе од година не знаеме за гости.
И, имам чувство како сè да стои
но, мене почна нешто да ме движи,
желбата да станам научник јас
и да ги скратам на луѓето сите грижи.
Иако сум сè уште мала,
желба имам да пронајдам лек
со кој ќе ги победам вирусите смртни
и луѓето ќе имаат подолг век.
Затоа сега по цел ден учам,
книгите се единствени другари мои,
природните науки најмногу ги сакам,
со нив ќе ги исполнам желбите свои.
И љубовта кон блиските ни дава сила
да истраеме сите, народе мој,
здравјето е најважно, луѓе мои,
а потоа другите желби рој.