[Литература] Драгана Радевска – IX одд.

,,Што ме движи кога сѐ стои?”

 

 

Моментално сите ние се наоѓаме во таква ситуација што мора да држиме дистанца, да носиме заштитна опрема, да не се групираме во големо друштво, да не одиме со физичко присуство на училиште. Нема повеќе детски џагор низ улиците, парковите, училиштата, игротеките, накратко кажано повеќе ништо не е исто. Сите многу добро знаеме и чувствуваме во какво време живееме.

Ти што дојде на овој свет, и одзема толку невини животи, животи кој само поради тебе си отидоа од овој свет! Зошто?! Зошто дојде?! Зошто стана толку актуелен?! Светот стана твоја играчка! Секоја вечер легнувам со страв и се будам со страв. Страв за мене и моите најблиски. Постојано ми се вртат мисли во главата што ако јас се заболам, мојот брат, мојата мајка, мојот татко… тоа чувство на грижа, осаменост , безизлезност, тага… секој ден се повеќе и повеќе ме гуши! Повеќе го нема оној жив свет, свет во кој сите се дружевме, забавуваме, игравме, шетавме, гушкавме, патувавме… Секој ден слушаме колку новозаразени има и колку починале. Како им е на оние, на оние кој нивните семејства се заболени или најлошото, починале. Сите, секој ден се молиме да си одиш! Секоја вечер, секое утро, секое предпладне, попладне. Секој ден се будам со надеж дека можеби денес ќе си одиш и повеќе никогаш нема да се вратиш. Но, за жал ти веќе една година си тука меѓу нас! Со секое мое излегување од дома, морам со мене да носам заштитна опрема, средство за дезинфекција и да држам дистанца. Ова е тоа со кое сите ние се чуваме од тебе! Една година, цела една година ти не ни даваш мирен сон! Но, сите сме полни со голема надеж дека наскоро ќе си заминеш! Веруваме во тоа и се надеваме бидејќи надежта и верувањето се оние кои во овие лоши денови не прават похрабри.

Во оваа ситуација многу е добро тоа што ја имаме технологијата. Технологијата во денешно време е доста популарна меѓу сите нас. Таа е симболот што ни овозможува на сите и покрај Ковид-19 ние на некој начин да можеме да ги остваруваме сите наши секојдневни потреби. На нас, децата таа е тоа преку кое што ние секој ден изучуваме многу нови работи. На оние кои не се во можност да излезат од дома технологијата е тука да им овозможи да ги платат своите сметки и да нарачаат било што од интернет. На наставниците, професорите им овозможува да си ја извршуваат својата работа и да ги учат децата секој ден на нови работи, кои еден ден во иднина ќе им бидат потребнои и да им докажат дека никогаш од ништо нема откажување, без разлика на тоа што е околу тебе. Сите на некој начин сме многу погодени од Ковид-19. Нема отворени училишта, празни клупи и столчиња, нема угостителски објекти, фитнес центри, трговски центри, банки. Но никој нема да се предаде, нема да дозволиме, храбро ќе се бориме и Ковид-19 ќе го победиме. Не затоа што така е кажано, туку дека тоа го посакуваме, тоа ни е потребно и дека е наша должност. Оние кафиња што сме ги пиеле по кафулињата, ќе ги замените со топли салепи дома со добар филм и нашите најблиски. Тоа дружење со нашите пријатели што сме го имале со физичко присуство на луксузни места ќе го замениме во нашата природа, во нашиот двор. И технологијата ќе ни овозможи да си испраќаме виртуелни прегратки и бакнежи. На некој начин денешниот свет стои само во едно место. А ние треба да сме тие што ќе овозможиме тоа да се промени.

И тоа не е нешто кое може да не сопре и да не продолжиме со животот од онаму каде што сме застанале. Бидејќи никој освен ние самите нема да ни го овозможи она го имаме замислено во нашите глави. Лично јас за себе зборувам гласно и јасно велам: ,,НЕМА ДА МОЖЕШ ДА ЈА СОПРЕШ МОЈАТА ИДНИНА!“. Јас сум многу млада личност, имам многу неостварени желби за во иднина, имам многу големи соништа за мојата иднина. Не сум доживеала многу работи за кој мечтаам и затоа со голема желба и љубов, храброст и упорност ќе се борам и се додека не стигнам до таму каде што посакувам и не остварам тоа што посакувам, никогаш нема да се откажам! Мојот најголем сон пред се е да станам мајка и сопруга. Да завршам основно училиште, а потоа и средно, да се запишам на филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” и да станам успешна наставничка по македонски јазик. Наставничка која ќе ги научи децата да рецитираат песни, творат, читаат и пишуваат. Да ги научам на тоа што треба а на што не треба. Да ги насочам храбро и со многу љубов да чекорат по патот кон иднината и знаењата. Сонувам како влегувам низ таа училишна врата со дневникот и пенкалото в рака. Друг мој сон е да бидам автор на некој љубовен роман инспириран од мојот живот. Бидејќи многу нешта во животот се поттикнати од искрена љубов што извира длабоко од срцето. Голема благодет е ако ги имаме вниманието, љубовтта, почитта на своите најблиски, на оние кој најмногу ги сакаме. Затоа што сите имаме свои приказни, сонови, желби во кој веруваме дека еден ден ќе станат реалност. Ги сакам книгите и детските списанија.Но крајот не е тука, бидејќи другата страна на моето срце е да станам успешна фризерка и козметичарка како мојот идол, а тоа е мојата мајка. Сонувам како со мојте најблиски патуваме насекаде низ светот и како поминуваме многу заеднички незаборавни моменти.

Има многу работи неисполнети за мојата иднина, во кои со многу труд, љубов, упорност, храброст ќе се борам да станат реалност, па затоа не се откажувам. Не се откажувам од она дружење со моите најблики пријатели, не губам надеж дека повторно ќе седнеме во некој парк или некој двор и ќе разговараме, смееме и пееме со гласот на гитарата на мојата другарка. Гитарата не зближува, расположува, не прави посреќни и поблиски со големи насмевки на нашите лица и срца. Насмевки кој до доцна на ноќта не исчезнуваат. Со нетрпение го чекам летото, да одиме на незаборавен одмор со моето семејство, а исто така и со другарките, бидејќи одморот со друштво е еден од најубавите. Велам најубав одмор, затоа што кога сме ние заедно на смеењето му нема крај, на шегата, на играњето карти покрај плажата, a навечер во дворот дружејќи се и гледајќи ги ѕвездите на прекрасното небо. Ова се едни од најубавите спомени во животот, исполнети со најголемата љубов од оние околу нас. Сите некогаш во минатото сме ги доживеале, но крајот не е таму, ги има уште многу многу.

За да се исполнат потребно од нас е само да веруваме во тоа што го посакуваме и никогаш да не кажеме ,,НЕ МОЖАМ” бидејќи тоа е најлесното, а ние треба да направиме да биде уште полесно она за кое мислиме ,,ТЕШКО Е”. Јас велам дека потребно е само едно нешто ,,НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ” бидејќи не знаеш што ти носи новото ,,УТРЕ” .И никогаш да не се откажуваш од своите соништа. Светот стои, ти направи да чекори!

 

+117