[Литература] Елена Атанасова VIII одд.

Што ме движи кога сè стои?

 

Што ме движи кога сè стои?

Додека часовникот секундите ги брои.

Што ме движи кога сè стои?

Плановите и мислите што главата ги крои.

 

Надежта што последна ќе згасне,

Силна, како отровот на зимја кога ќе те касне.

Желбата да бидам број еден.

Цврста како мразот леден.

 

Патот до успехот не е лесен,

Тежок и каллив е ко оваа есен.

Како што после дожд, сонце иде,

Така после секое зло, добро ќе биде.

 

Среќата секогаш е на добрата страна,

Времето ќе ја излечи секоја рана.

Љубовта по вистинскиот пат нè води,

Таа нас многу ни годи.

 

+36