[Литература] Доротеја Солунчева – IX одд.

Што ме движи, кога сѐ стои?

 

Заглавена некаде во просторот,

изгубена некаде во времето,

копнеам по нешто заборавено

додека ја очекувам иднината, а се враќам кон минатото.

Немо ја гледам реалноста која ме опколува и која не можам да ја избегнам.

Страдам во страдањата на другите

скаменета од помислата на жртвите.

Тежи товарот што го влечам зад себе!

 

Пливам на тенката површина,

гледам во избледената празнина.

Го заборавам потценетото постоење,

го игнорирам свесното гонење.

и така беспомошно ме придвижува реката која тече без моја дозвола.

 

Ме преплавија бранови емоции.

Пополека, неприметливо тонам во себе си,

брзо, незабележливо итам кон длабочините.

И конечно ја предавам тајната – ете ја покажувам слабоста.

Затаена, во молк мисли нижам:

Зошто не можам спасот да го видам?

Зошто не можам топлината од луѓето да ја примам?

 

Во длабоката темнина каде што плачот без солзи е придушен,

Пламенот избувнува, се воздигнувам, воскликнувам, војувам.

Трагам по добрината

копнеам по слободата

мечтаам за правдата, мирот и еднаквоста,

се приближувам кон бескрајноста.

 

Мислите со мене чекорат, низ пекол, бес, убавини,

не се одрекнуваваат од мене, ги ткаат моите урнатини.

Мислите ја напуштаат статичноста моја

Кога возвишениот ум ги преоѓа границите на свеста своја.

 

 

 

 

+68