[Литература] Даријан Јакимовски – VII одд.
Што ме движи кога сѐ стои Пред една година се смени нашиот начин на живеење. Се случи светска пандемија. Сѐ стивна, ништо повеќе не беше исто. Како светот да застана. Седам сам на компјутерот и размислувам…. Не знам од каде да почнам. Си размислувам што може да ме движи кога сѐ стои? Почнувам да размислувам: “Дали може да ме движи ракометот и од мали нозе тренирам” – но си велам – не се пронаоѓам многу. Дали може да ме движи нешто за кое што не сум размислувал. Секаде барам одговор, но нема. По некое време „ми светна сијаличката“ во мојата глава. – Дааааа -си велам- да Даријан знаеш што може да те движи кога се стои? Тоа е науката, ама не било која, онаа напредната за која што од мали нозе знаеш. За онаа наука за која што сонуваш од мал да станеш нешто со кое што ќе се гордееш самиот, па потоа родителите. Си помислувате што е тоа? Еве ќе ви кажам, доколку не ви текнува во моментот, тоа е науката која што го обележува XXI ВЕК. Сеуште мислите што е тоа? Тоа се комјутерите, да компјутерската наука, информатиката. Науката која ме инспирира во секој момент од мојот живот. Сѐ што сакам да знам тука наоѓам. Ќе го отворам прозорецот и оп, ете сум низ светот. Седам до доцните часови за да научам нешто повеќе и така успевам да ги прошрам своите знаења. Си мислам како може се да се знае. Порано ако тоа се правело преку книги, кога луѓето седеле до доцна во ноќта со свеќа за да научат нешто повеќе, денес е многу лесно. Исто им се восхитувам и на научниците кои што биле вешти во нивните науки, кои во тоа време учеле со свеќа во соба само за да пронајдат некој изум. Никола Тесла, Алберт Ајнштајн и многу други кои што пронашле изуми за кои што и ден денес се зборува. Сакам и јас да бидам како нив. Еден ден и за мене да се зборува, но сепак јас сепак би се насочил кон програмирањето како мој домен во кој што ќе владеам. Затоа седнувам пред комјутер и почнувам да пишувам. Почнувам да изучувам еден јазик, со кој што можат само да се разберат луѓето програмери, кој што не е навидум лесен, но тој ме движи да одам напред додека сѐ стои. Да се осврнам малку и на програмирањето кое што денес зазема лидерско место во светот на науките. Тоа ме придвижува кон целта. Програмирањето како наука ме движи напред, ме прави поупорен, ме прави посреќен, тоа ми е двигател во мојот живот. Секако има делови од таа наука кои што се изучуваат постепено. Не може сѐ да се знае однапред. Сѐ почнува постепено. Со изучување на програмскиот јазик се движам дел по дел напред и совладувам препреки непрекинато во мојот живот. Ме прави упорен, љубопитен, Што ме движи кога сѐ стои бидејќи си ја знам целта во мојот живот. Секогаш кога седнувам пред компјутер ја имам својата визија : “Да станам еден ден познат комјутерски програмер”.Да, тоа е мојата цел, мојата визија и тоа што ме движи напред кога се стои. Додека светот е сега во светска пандемија, која е предизвикана од вирус којшто е непознат за научниците, кои секојдневно се соочуваат со проблеми и секојдневно сакат да најдат вакцина која што ќе биде безбедна за луѓето, имам време да си ја исполнам својата цел и да си ја придвижувам мојата визија. Повеќе време поминувам на часови за програмирање, кои ме опуштаат бидејќи знам дека “ Повторувањето е мајка на знаењето”, а истражувањето го движи човештвото напред. Учам, повторувам и знам што е најдобро за мене. Секако имам поддршка и од моите родители кои секогаш ми се ветер во грб, од кои што ја имам и најголемата подршка во мојот живот. Програмирањето ми дава сила да продолжам да се пронаоѓам во она што го учам. Да станам компјутерски програмер е интересна работа, совршена за ова време. Чудно, но вистинито. Секако со многу труд и работа може да се постигне сѐ. Напредувам во изучувањето на програмерскиот јазик. Секој ден изучувам нови работи. Секој час поминат пред компјутер, со “чепкање” на тие анегдоти кои што го сочинуваат компјутерскиот јазик е нешто со кое што се соочувам секој ден. Ден по ден, година по година јас навлегувам сѐ подлабоко во изучувањето на таа вештина. Се восхитувам на сите кои што го работат тоа бидејќи го работат со многу љубов. Сите ќе кажат : “Колку се чудни овие луѓе”? Но, не тие не се чудни, тие само си ја сакаат работата што ја работат. И мене во прво време ми беа премногу чудни, секогаш се во свој свет, во оној нивниот програмерски. Се надевам дека јас ќе бидам малку поинаков, ќе бидам пред се човек кој ќе ја дели несебично својата љубов кон сите. Ќе го делам и своето знаење. Ќе бидам и авантурист. Тоа е мојата втора особина која ме опишува како дете што го сака адреналинот. Од мали нозе сум бил палаво дете. Секогаш ме понесувал мојот авантуристички дух и сум правел невозможни нешта. Од возење велосипед, учење да скијам, до јавање коњи. Моите родители секогаш ми беа поткрепа. Благодарен сум им за се што направиле за мене. Без нив мојот живот не би бил тоа што е сега. Секогаш имале верба во мене. Освен овие работи кои што ги имам спомнато во овој есеј, тие беа и главни двигатели за сѐ што сум направил до сега. Тие се оние кои што имаат доверба во мене и ме поттикнуваат да станам како што напоменав и комјутерски програмер. Вложувањето во иднината на децата е она кое што е главното мото во моето семејство. Препознаа во мене талент кој што со лесни чекори прави необични работи. Се сеќавам на изреката на мојата мајка: “Ќе биде нешто од ова дете, толку ги сака комјутерите што не се двои од нив”. Секако ќе бидам познат програмер кој што ќе има осмислено своја веб страница и ќе бидам горд на тоа.