[Литература] Бојан Маневски – VIII одд.
Што ме движи, кога сѐ стои?
Заробен во своите мисли,
несвесен за своите чекори,
загубен во густи магли.
А светот застанат, заспан,
што се случи, каква тага,
каква разорна болка и страв
по саканите, по најмилите?
Секој ден затаен во здодевност,
за спас жедност.
Го слушам срцето како чука,
а со тоа и времето лета.
Ги гледам птиците како се смеат и ми велат:
,,Дојди, дојди и ти со нас,
да видиш што е права слобода”.
Сонцето со своите зраци
допира во моето срце,
го топли, го скокотка.
Се мислам и си велам:
,,Како може љубовта без срце,
како може срцето без љубов?”
Природа – светлина во тунел,
природа – расцутено цвеќе.
На сѐ има почеток, на сѐ има крај!
Вера и надеж се тие,
што нѐ тераат да се движиме ние,
кон нов и поубав ден.
Лош сон, како дошол така ќе замине,
лузна нема да заздрави,
но ќе продолжиме да чекориме!