[Литература] Бојан Каралиоски – VIII одд.

За награден конкурс на тема: ,,Што ме движи кога се стои”

ЉУБОВ

Н оќта долга минува,

утрото срамежливо доаѓа,

полека, тивко, насмеано

светлината со себе ја носи,

темнината ја отстранува.

 

Злото заминува со тага,

доброто доаѓа со радост,

но сеуште празнината

во моето срце не се исполнува.

 

Те сретнав тебе,

во мене нова искра бликна,

радоста повторно ми ја врати,

желбата да се движам

ми ја исполни.

 

Ти направи

моето нежно срце

силно да ми чука,

да работи без престан како никогаш досега.

 

 

 

Се вљубив во тебе,

го чувствувам тоа.

Љубовта ти ми ги даруваш.

младоста и среќата напред ме водат.

 

Првата љубов како цвет цути.

Ти си таа љубов,

ти си единствената личност

на која, на која ќе и го подарам срцето.

 

Само ти ме љубиш

со твоите нежни усни,

ти ме маѓепса

со твојата убавина, моја прва љубов.

 

 

+181