[Литература] Бојан Димовски – IX одд.

 

 

Што ме движи кога сè стои?

 

Што… Што да се каже

кога срцето везден немирно игра,

се стега, без да лаже.

Го потиснало стравот и бие,

молкум некаква вистина крие.

 

Луто, но зошто луто да бие?

Како да има нешто, та како бран,

не ќе може да се свие.

Виулици вртат, разор демни,

срце кротам, тешам, од рој мисли темни.

 

Денот зачекорува во својот мрачен крај,

кртот рие, бара зрак, бара сјај.

 

Љубовта е како сабја,

сече, пара, рани крои,

ќе те раскине од мисли свои.

А штом срце кротко ќе стивне,

таа пак како волк во заседа ќе те вивне.

 

Радосен, тажен, на моменти горд и понижен.

А од што ова може да е?

Да, од љубовта, во срцево што бие!

 

 

 

+180