[Литература] Аријана Јаневска – V одд
Кога се стои
Што ме движи кога се стои
Што ме тера да гледам во бои?
Другарство, природа, се што е вредно.
Сите да живееме како едно.
Секој ден и секоја ноќ
посакувам само една желба:
-да имам доволно моќ,
да сопрам секаква делба!
Да нема веќе сиромашни, гладни и тажни,
зошто сите деца сме подеднакво важни.
Да не се делиме на жолти, црни, бели,
да бидеме сите сложни, среќни и весели.
Е, баш таква моќ сакам да имам
за цел овој свет да го променам.
Да не постои веќе дискриминација
по боја, вера и нација!
+97