[Литература] Велибор Спасовски – IV одд.

Што ме движи кога сé стои?

 

Што ме движи кога сé стои?

мислам, стојам и

напразно бројам.

 

Што ме движи кога сé стои?

ги гледам птиците в лет

и го замислувам овој чуден свет…

 

Треба нешто на подобро да се промени,

тагата да се искорени

и со љубовта да се замени.

 

Една мисла низ глава ми летна

ко сонце ме светна,

со насмевка да се поздравуваме,

без разлика на вера и нација

сите да се почитуваме…

 

Да се дружиме ко да сме едно

и така да останеме

во добро и лошо заедно.

Мир, љубов

слога и соживот со сите,

така ќе ни бидат

посреќни дните.

 

 

Да има толеранција,

не дискриминација,

секој зборови да бира

надежта последна умира.

 

+152