[Литература] Анастасија Младеновска – III година

Во средните градови со паркови во кои редовно се поткаструваат липите и се

конструираат лулашки, во кои браќата мои постојано бараат излез од Земјата и тетките ги

простираат алиштата на највидното место за минувачите, концентратот од луѓе секогаш е

највивиден во малите купчиња на изолација, на најнеочекуваното место, каде што секој се

знае со секого, но никој со никого не се поздравува, ниту пак живее во паранојата на

денешницата. Во ваквите градови, нашите надежи се исто толку значајни како корупките

од сончоглед под клупите во парковите каде што венее цутот на личниот развој и паѓаат

бакнежи од голо небо. Тука, во јадрото на сферата има една мрежа за одлив на мозоци која

како 1984 полека ги трие своите слепоочници и учи на заборав, копнеж, идеи кои замираат

на полпат, се градат облакодери и ароматични продавници, кафулиња, но не и едукативни

центри и здрава младина. Не е тешко да се расне во средината која го сервира секој можен

исцедок и резултат на фетусот. Сигурна сум, дур коските ми се формираа во утробата и

кога ги слушнав лушпите како се распукуваат, знаев кој е патот. Никој не ќе ти го покаже

животот зашто е едносмерна улица каде ќе мораш сам да ги запалиш фенерите, меѓутоа

контрадикторноста на нашето време успеа да го одреди прапоредокот, лозата на секој

фетус кој си ги оближуваше усните и сепак да говори за критика.

Во што лежи трагиката? Закоравени срца или празни черепи?

Мојот среден град, со ред големина од плодна месечина ми понуди минијатурни процепи

во својот милитаристички систем за да можам да станам голем човек. Сепак, не усепав да

се лишам себеси од намерата во случајот. Почувствував толку многу „ќе“, „можеби“,

толку многу веројатност во секоја случка не толку случајна колку причинско-последична.

Кога мечтаев за среќата во апстрактна форма мајка ми ми купи ливче за лотарија. Па така,

пијани од текстурата на мекото зајдисонце, игравме карти и лотарија. Често вртевме

паричка како лепче кое се топи во плунка и застанува во непцето. Витална е природата на

случајот. Дур игравме шах или танго, не беше важно која игра на животот ќе стапи на

сцена се додека нешто се случуваше. Важни се моментите, сегашноста, ситниците кои

кажуваат за големите принципи или каприци, облачните лица на минувачите, сето тоа

складирано како резерва на ткивото, затоа што човек од среден град не смее да остане сам

со себе, со својата мелодрама и вистина. Платното е толку живописно насликано, просто

како таблица за множење, прекирено со кожен слој од желба и повторно премачкано со

апстракт од монотонија. Се сижетира времето кога желбата замира и интересот го

напушта аудиториумот, несмасно сопнувајќи се од своите големи обувки во кои кога ќе

впериш поглед се чувствуваш дезориентирано, паѓаш во амбисот на човеката сличност.

Лицата ли им се исти или пак само впрегнатите маски? Колку време ќе помине дур не се

стопиш со масите? Дур не исчезнеш како никогаш да не си постоел? Дур нечија жедна

уста не те испие со првиот зрак во муграта?

Некогаш се чини како времето да запира и кожата добива азурна боја од студ и непокор.

Паричката запира како на филмските екрани, како дел од цртан кој ме приморува да

чекорам низ портите на детството и го задржувам здивот оти се уште не можам да ја

разоткријам мистеријата. Мојата душевна паричка стои во неодлучувачка состојба како

конец кој со часови се обидувам да го протнам низ иглата. Се мрзне пролетта во таквите

мигови. И сè стои во својата првобитна универзална положба, во пламен и прав иако му

студи на човекот заштитен во оваа анархија, сам од себе, за себе. Стои Светот, а јас го

гледам и помислувам да барам друга Вселена, помислувам да го пречекорам мостот на

моите надежи положени во себе, но страв ми е да се помрднам а камоли смело да

зачекорам во своето распознавање. Кога Светот стои, и ние стоиме со него. Се обидуваме

да ги интерпретираме неговите намери, филозофски да ги разглобиме вистините на

животот а се со цел да го придвижиме кругот околу својата траекторија, несвесни дека

понекогаш монохроматичноста не преморува, личниот век за нашиот развој го прави

токму спротивното, не забавува во својата трка сами со себе.

Но, некои вистини да не ти биле твои за да ги кажеш, па подобро да ги премолчиш, и

животот да ти бил душевен натпревар сам со себе, од себе, за себе.

Некаде прочитав дека алтруизмот без граници е самоуништување. Но, тука, во прангите

на општествените битсувања, јас не наидов на никаков алтруизам, и дур се обидував да

припаднам, да најдам прифаќање, се загубив самата во своето неприфаќање.

Кога се стои, се чини како да стои на прсти и полека, полека оди кон височините, а јас се

обидувам да ги дофатам, и така заборавам дека примарна цел на мојата планина е да го

најдам патот, и можеби надежно да се искачам на врвот. И секогаш кога читам, ме

навјасува мигновена разочараност кон она што е важно, кон луѓето кои оставиле и ни подариле

толку многу за да функционира нашето парцијално-изградено општество, а толку ни е тешко да ги

пронајдеме, да се едуцираме, да пуштиме бит емоција од себе, да научиме за емпатијата и да

засакаме без секогаш да сме носени со прангите на очекувањето за возврат. Зошто е толку тешко

да пристапиме кон хуманоста, ако постојано копнееме кон своите најдобри верзиии? Носиме

поткопани потенцијали во себе кои сметаме дека ги немаме,вредности на кои се темелиме, а се

разгрануваме без да помислиме на корењата кои тлеат во патеките кои полека ги движиме со

чекорот. Често грешиме кога мислиме дека животот нас нè придвижува, напротив, иако израснав

на контрадикторна основа, научив да живеам во кохезија со себе и животот.

Не смејам платново да го избојам само со прашања и да ги поткрепам вистините исклучиво со

моите одговори, но многу пати се посомневав во ефикасноста на нашите системи изградени врз

мекотелите кои во последно време употребуваат многу идно време. Некогаш хаосот беше нешто

од кое најмногу стравувавме, а во последно време почнав да верувам дека е нешто кое најмногу го

сакаме. Животот се распаѓа на парчиња. Се обидуваме да ги споиме и држиме заедно. А потоа

сфаќаме дека не сакаме да ги држиме заедно. Тогаш и се дава простор на имагинацијата. Полека

излегувам од сопствената глава и почнувам да ја користам. Ме придвижува страста и можноста

која никнува како нејзина гранка.Можноста да се научи, да се продлабочи, можноста за

формирање на пајажини од луѓе – мрежи на конекција, како што многу сакам да ги нарекувам,

запознавањето на нови луѓе и поглед кон животот од разни перспективи на возрасти и карактери,

проширувањето на хоризонтите до степен кога веќе мислам дека не постои граница на нашите

способоности и дека небото се протега во вечност, и тука, во најскриените парчиња на реалноста,

можам да кажам, што значи да се биде дел од младината на средните градови. Да ти се прошират

погледите, ама да ти се стесни целта, да станеш своја дама со своите фенери, светилки кои

несебично ќе ги делиш со другите и свеста ќе ти ја доближи потсевста, ќе ти каже за спојувалката

која сите не врзува, онака нежно и неосетно, ќе ти дозволи да ги спуштиш ѕидовите и да ги кренеш

знамињата во знак на вивидност, во знак на здравица, а сепак разумот ќе те предводи во мисијата

на акција.

Се обидов да научам многу работи, да експлорирам многу квантни системи и да навлезам во

науката на макросветот и сфатив дека во Светот постојат објекти, субјетки и инструменти. Не знам

што ме попречува да сфатам на кое поле се наоѓам, или пак тоа е можеби премногу егоцентрично

кога дискутираме за глобалните проблеми на кои треба да им се отстапи место пред граѓанската

должност.

Спознав многу работи додека се обидував да ја сфатам апстракнтоста на среќата дур игравме шах

со животот и секој мој чекор беше предвиден. Во план секогаш ни е да играме, да уживаме, да си

поминеме убаво се дур самите не станеме фигури. Тогаш се муртиме. Не ни се допаѓа таа

екслузија. Па дури и кога сме исклучени од Светот и сме само пасивни набљудувачи, пак учиме и

не може ништо повеќе да те движи од силата на постоењето. Можеби клучниот момент е да се

зграпчи таа сила, да му укажеме на хероизмот за да не биде дека сме изгубиле без борба. Во

животот, не може секој чекор да има прецизна калкулација, но може да се живее, полесно да се

голта кога секој чекор има утврдена цел. А секој е во игра, понекогаш пријателски настроен,

почесто посериозно. Проблемот лежи во тоа што не секој знае дека игра, дури и да му поминал

редот. Но, играта ретко го следи патот кој за неа ќе го преодредиме, како цврста епоксидна смола

или некои луѓе од нас кои просто не влегуваат во калапот. Не можеме да го предвидиме секој

изгрев на сонцето, но можеме да научиме да бидеме флексибилни. Животот почнува во моментот

кога ќе научиме како да се адаптираме на самите себеси. Тоа е процес кој се движи од внатре кон

надвор и никогаш обратно. Полека, но сигурно, се движиме, и ако, нека стои Светот и

Универзумот, се дур ние чекориме по нашата траектроија, а тоа е патот кој треба да не одведе

поблиску до себе.

 

+68