[Литература] Анастасија Малеска – II година

 

„Што ме движи кога сè стои?“

 

Животот е бездна во која пропаѓаме со цел да се пронајдеме себе си, неразмислувајќи за последиците кои следат. Животот е несфатливо чудо кое постојано се рони и троши. Тој не издига кон блаженственост, но и не води кон нешто ново и непознато. Човековото битие е сржта на сето ова и од него извиснуваат судбини, испреплетени во едно време кое е сведок на минатото. Секој човек се раѓа за да живее , а со тоа да ја почувствува убавината и горчината на животот низ која пловиме со уздите што истиот ни ги подарил. Додека мислев дека тие узди ги држат нашите раце и ние ја имаме целата контрола врз нашето секојдневие се случи нешто што тие узди не само мене, туку му ги одзеде на секој од нас.  Ми отвори врата кон нов свет и прозорец кој и после една година неможам да го затворам. 

Помнам како вчера да беше. Мартовското сонце се беше издигнало на нашето небо додека се спремав за тестот што ми претсотеше утредента. Наеднаш мојот телефон беше полн со пораки од другарите, од типот: „Дали утре сме на училиште?“, „Што се случи со училиштето“, „Дали ќе држиме часови неделава“? итн.  Како и повеќето во тој момент го пуштив телевизорот и ја слушнав изјавата дека во тој момент воспитно образовниот процес не само во нашата држава, туку насекаде ширум светот е прекинат поради вирусот Ковид-19. Не знаев за што станува збор, ги затворив книгите и го отворив на мојот телефон, прочитав дека станува збор за смртоносен вирус кој е опасен за сите особено за повозрасните. Сфатив дека е лоша закана и не одбира луѓе по вера, раса, националност или пол. Тогаш знаев. Тоа беа првите моменти кога дознав многу работи. Нема училиште, излегувње со другарите, нема излегување надвор од државата, единствен спас е седењето дома. Следуваше летото и после неколку месеци одмор мислев дека ќе се вратам назад во училишните клупи. За жал тоа не се случи. И покрај добрата организираност на наставата сега, ми недостигаат многу работи како шепнувањата на часовите, задевањата, смеата, џагорот, училишното ѕвоно, поуките од професорите, тоа што нема со кој да разговарам на пет минутните одмори, ми недостигаат многу работи по кои копнеам и сакам што побрзо да ми се вратат. Моите дни, недели, месеци веќе се исти. Нема за каде да се дотерам, да ставам ранец на себе, да славиме родендени и празници, да гледаме заедно филм и непрестајно да се смееме за шегите после часови. Тоа се толку многу работи што нетрпеливо ги чекам. Но како велат секоја приказна има две страни, јас не како возрасна личност туку како доволно зрела чувствувам и знам зошто сето ова ни се случи и како треба да го зачувам не само моето здраавје туку здравјето на моите најмили. Листата на позитивната страна во овој период и тоа што ме движи напред е многу подолга од онаа негативната. Покрај огромниот број работи што ми недостигаат јас научив да уживам во многу нови. Утрата ги поминував читајќи книги, тие ме натераа да излезам од мојата комфор зона и патувајќи да влезам во друг свет каде се е розово. Почнав да слушам многу повеќе музика и да учам јазици. Гледав филмови и дневната соба ја претворив во кино. Игравме толку игри со брат ми и сестра ми што заборававме на социјалните мрежи, така уште повеќе го разработувавме софтверот во нашиот мозок. Научив и нешто ново, уживав во дедовите приказни. Секоја вечер без престан и неуморно ми зборуваше за него. За луѓето, животот во минатото, за моите предци и нивната приказна. Од друга страна баба ми ме научи да готвам добро и можам да кажам дека познавам одредени вештини во кујната. Другарите, можеби со нив не се прегрнуваме веќе една година, но сепак се гледаме. Кога имаме толку начини преку разни апликации нашите тајни не оставаме да останат недоречени. Напред ме движи математиката на која и посветив најголем дел од моето слободно време, пожртвуваноста на медицинскиот персонал, на посветените професори кои во вакви услови се трудат да изградат од нас подобри личности, медиумските работници за секојднените известувања, полицијата и сите неуморни работници. Да не ја заборавам природата, која потполно ја изоставивме во последниот периот и ја заменивме со рестораните и кафулињата. Секојдневно започнав да пешачам по неколку километри, да возам со мојот велосипед, да запознавам нови градови, села, планини и падини во мојата земја, да рециклирам уште повеќе. Освен сето ова мене напред ме движи и науката, нејзиниот напредок, новата технологија во кои и самата се гледам во иднина како ќе придонесам за развој на истата, тука е и хуманоста која сега се појави во своето најдобро светло и увидовме колку хумани луќе имаме и дека таа не е заборавена. Најважното со намера го оставив за крај. Зашто тие мигови мене ме движат најмногу напред. Миговите со семејството. Тие ми влеваат надеж и ми ја подаруваат златната нишка на животот. Овој период го поминав најдолго со нив. Смеејќи, пеејќи и запознавајќи се. Сплотени како никогаш претходно, сега ни беше подарено најмногу слободно време за нас. Насекаде, се околу мене е претворено во љубов. Зашто љубовта е посилна од се, таа подолга и подлабока од океан, дури е посветла од сонцето. 

И покрај целата сенка под која е нашата планета секогаш е потребна насмевка, да излекува сечија рана, да развесели сечија душа, да донесе пролет за секого. Можеби ова е една порака за сите нас. Една математичка равенка која бара свое поинакво решение. И можеби јас некогаш кога ќе се сетам за оваа година што го застана брзиот начин на живот ќе го раскажувам на моите внуци, но пред тоа ќе ги научам за сето она што нивните предци заборавиле. Сепак чувствата се тие кои ги спојуваат срцата. Некогаш сите ние за да ја избегнеме суровата вистина се залажуваме со вразата: „Времето лечи се“- но залудно е сето тоа бидејќи чувствата и спомените секогаш ќе најдат некој простор во нашите срца. Пред мене гледам еден бел тунел низ кој се протега светлина и сите ние се движиме кон него, сплотени како никогаш претходно. Трнлив и незаборавлив е патот до успехот и убавината, но колку потешко се искачуваме толку повеќе знаеме како е да се биде човек, зашто човекот е направен за падови и подеми, за височини и длабочини, врвови и дна, лошо и добро. Сите ние сме исти, тоа е нешто што најмногу го научив во изминатиот период, никој не е совршен, но мааните, тие го правак различен и поинаков, важно е да се сакаме, почитуваме и придонесуваме за мир, другото ќе го постигнеме со многу работа и труд. Не е лесно да се живее вака, но колку би било потешко да живееме едни без други?. Кога се имаме ние имаме се. Или како што нашата хуманистка Мајка Тереза рекла „Не сме сите створени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“

 

 

 

+109