[Литература] Анастасија Гавроска – I година

ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ

Какви денови имаме денес,

имам чувство како сѐ да стои,

дали во нашите големи срца

некој за некого љубов двои.

 

Како ли исчезна прегратката

што секој од нас ја бара,

или пак зборот „те сакам“

заборавивме како се изговара.

 

Но, јас сепак во Сонцето гледам,

тоа голема светлина ми дава,

така позитивна енергија и сила

во секоја душа се создава.

 

Ајде да не се отуѓуваме,

сите да си подадеме рака,

дружба, љубов, прегратка,

и насмевка секој сака.

 

Замислувам среќни луѓе,

и секој свој план си крои,

ете тоа ме движи мене

кога навистина сѐ стои.

 

+3