Денот на училиштето
Алгоритам
Учам во Алгоритам
и се движам во ритам.
Секој ден редовно кон школо итам
и не ми дава по улици да скитам.
Слушам македонски секој ден
и дефинирам што е тоа рефрен.
Математика, информатика не се шала
но затоа сите одиме на гала.
Праволиниски, криволиниски, центрипетални
се се тоа движења мали
за нашите големи глави.
Штурци, скакулци и црви
се тоа во нашите глави врви.
Карбонати, сулфати, нитрати
се соединиенија прави
но затоа сите сме живи и здрави.
Учењето во Алгоритам е real fun,
и затоа никој не е заспан.
Падежи, дефиниции, теми
се нашите секојдневни шеми.
Учам во Алгоритам и вечно
ќе се движам во тој ритам.
11 Март е нашиот ден
затоа Алгоритам, СРЕЌЕН ТИ РОДЕНДЕН !
Стефан Боцевски I-1