Анета Анческа
Анета Анческа е родена на 29.06.1975 год во Штип.
Основно училиште го заврши во ОУ „Браќа Миладиновци ,во Пробиштип, а матурирала во гимназија „Наум Наумовски Борче во Пробиштип. Има дополнително завршено Средно стручно образование-вонредно во
ДСМУ “ ДР. Панче Караџозов ”, Скопје ,Р.Македонија. Здравствена струка-Фармацевски техничар
Има положен стручен испит за фармацевстки техничар . Високо образование заврши на Универзитет Св.“Кирил и Методиј” Природно математички Факултет – Скопје Насока – Хемија –Препаративна,(вештини поврзани со хемијата) Дипломиран Хемиски Инженер , како прв дипломиран студент на катедрата на органска хемија.
1999 год .одбрана на дипломска работа на тема –Синтеза на бензенови соединенија и нивна употреба
Во текот на студиите учествува во изработка на неколку проекти:
Во периодот од 1999 год до 2000 год работи на Хемиски факултет на проект од Органска Хемија –демонстратор.
1998-1999 Учествува во проектот за обнова и развој на рудникот Алшар.
Посетува повеќе семинари на кои добива соодветни сертификати:
-Самостојно укажување на здравстевени услуги и заштити
-Обука за деловна телефонска и е-комуникација
-Семинар за постапка при пожар и можен вооружен грабеж
-Соодветни сертификати од областа на Фармацијата.
Анета Анческа е професор кој има за цел со изучување на хемијата ученикот да може:
-да ги согледува, разбере и применува хемиските законитости,
-да стекнат знаење за хемиски врски,симболи, знаци ,атоми ,млекули и јони.
– да ја сфатат хемијата како експериментална наука во која се истражуваат и докажуваат разнични хемиски процеси и реакции.
-да се запознаваат со основите на истражувачката работа и оспособување за самостојно набљудување,
изработување на едноставни експерименти и ракување со прибор и апарати;
– да ги применува и трансферира стекнатите знаења и способности од изучуваните содржини во понатамошното образовани како и примена на стекнатите знаењеа во научни цели.