Гимназија Алгоритам организира дополнителна настава за основно образование

Со новиот начин на изведување на наставата поради корона вирусот се појавува потреба за дополнителна помош кај учениците при совладување на материјалот. Поради тоа, Гимназија Алгоритам започнува со  дополнителна настава за ученици од основно образование, според програмата на Биро за развој на образование, како подготовка за гимназиско образование.

Начин на организација

Online вклучувањa секој работен ден. Секој ден е опфатен различен наставен предмет, а предавањата се одржуваат според финска методологија.

Предности на финска методологија:

  • Мали групи
  • Индивидуален пристап
  • Развивање на таленти
  • Континуирано следење на учениците
  • Комуникација и достапност
  • Учење преку практични примери, проекти, соработка
  • Дигитализација и користење на најсовремени технологии
  • Демократичност во наставата

Опфатени предмети:

  • Македонски јазик
  • Германски јазик
  • Англиски јазик
  • Математика
  • Природни науки

Рок за пријавување:  28-ми октомври 2020 година

Почеток:  2-ри ноември

Цена:  3500 денари/месечно


Контакт информации:

e-mail: info@algoritam.mk

Телефон: +389 2 3 116 750

Адреса:  ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат, 1000 Скопје