Гимназија Алгоритам распишува конкурс за најкреативен есеј

Право на учество имаат учениците од основните училишта во Република Македонија.

Правила за пријавување:

  • Право на учество имаат сите ученици од 8. и 9. одделение;
  • Темата на есејот е „УЧАМ ЗА ДА ЗНАМ“;
  • Изработеното дело треба да има еден (1) автор;
  • Изработеното дело треба да биде оригинално, да не ги прекршува начелата на авторската сопственост и да не повикува на насилство и нетолеранција;
  • Во есејот треба да е изјаснето лично и критичко мислење на ученикот. Не е дозволено есејот претходно да е објавуван на други места односно треба да е наменет само за потребите на овој конкурс.

Краен рок:

10 февруари 2020 година


Изработеното дело се доставува електронски на следниот email: info@algoritam.mk

заедно со следните податоци:

  • име и презиме на ученикот,
  • email адреса, адреса на живеење,
  • контакт телефонски број од родител,
  • училиште,
  • возраст/одделение 
  • име и презиме и email адреса на менторот.

Со назнака: КОНКУРС ЗА НАЈКРЕАТИВЕН ЕСЕЈ

Есејот треба да содржи најмалку 2 а најмногу 4 страници; да биде напишан со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.

За уредно доставени дела ќе се сметаат само оние што ќе ги исполнат сите барани критериуми.

По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите есеи ќе бидат наградени, а пофалниците и наградите за менторите и учениците свечено доделени во просториите на Гимназијата Алгоритам“.

За дополнителни информации, ве молиме да нè контактирате.


Контакт за дополнителни информации:

проф. Ана Пејовска

тел: (02) 3116-750  /  078-327-191

e-mailinfo@algoritam.mk

anapejovska@algoritam.mk