Донација на медицинскa опрема

Во знак на солидарност и помош во состојба на пандемија, учениците на ПСУ „Алгоритам центар“ Скопје организираат акцијa за донација на медицинска опрема за инфективните клиники/установи во Р. С. Македонија.

Оваа донација се организира за поддршка на здравствените работници во клиниките, болниците и одделенијата за инфективни болести, кои се на фронт линија во давање помош на заболените од корона вирусот, со кој е погодено целото човештво и нашата земја.

Согласно консултациите со раководството на Клиничкиот центар и Клиниката за инфективни болести во Скопје, потребата за есенцијална и квалитетна медицинска опрема е алармантна.

Со оглед на ситуацијата, ПСУ „Алгоритам центар“ би започнал со акција за прибирање средства и набавка на медицинска опрема преку жиро-сметка.

План за намена на собраните средства

Медицинската опрема која ќе биде набавена преку собирање на средствата се состои од:

  • Интравенски канили од типот B. Braun Vasofix Safety IV Catheter со димензии 22G и должина од 25 mm, интегриран безиглен порт и транспарентни седменти за подобра визуелизација при употреба. Овие канили на врвот имаат заштитен дел кој автоматски се активира при извлекување на иглата од катетерот и со тоа ги заштитува здравствените работници од несакани убодни рани и можни инфекции. Секоја убодна рана е потенцијална опасност за зараза за персоналот кој се бори за нашето здравје. Овие канили се основни во аплицирање на интравенска терапија, која е секојдневна и есенцијална за пациентите кои се хоспитализирани и се лекуваат од Ковид-19.
  • Маски од типот N95 кои нудат заштита и од најмалите пм 2,5 честици, со валва за дишење, изработени од специјални ткаенини кои содржат спреј-филтер, широко памучно платно и специјален памук со високо ниво на заштита повеќе од 95%.

Донирај

ПСУ „Алгоритам центар“ повикува што поголем број на луѓе да се приклучат во оваа акција и да направат парична донација за набавка на квалитена медицинска опрема.

  • Назив на примачот: ПСУ „Алгоритам центар“

  • Сметка за донација: 300000002802075

  • Банка на примачот: Комерцијална банка

  • Цел на дознака: Донација за медицинска опрема