Димитар Илиев – професор по Биологија
Димитар Илиев е роден во Штип.
Основно образование има завршено во ОУ „Ванчо Прќе“ – Штип, средно образование во СОУ гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип.
Во текот на средното образование, Димитар професионално се има натпреварувано во атлетика. Исто така, има учествувано како дебатер, при што се стекнува со вештини за комуникација и аргументација, а потоа станува волонтер-тренер во дебатниот клуб „Актив“ Штип во периодот 2015-2016 година, обучувајќи дебатери-почетници во јавно говорење и аргументација.
Своето високо образование го има започнато во септември 2016 година на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дипломира во октомври 2024 година, стекнувајќи се со звање дипломиран молекуларен биолог со остварен просек 8,95. Дополнително, има завршено Педагошко-психолошка и методска подготовка (ППМП) на Факултетот за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.
За време на своето образование, тој е добитник на стипендија од Фондација Конрад Аденауер и е член на алумни на фондацијата. Исто така, Димитар е ангажиран како демонстратор по вежби на катедрата за молекуларна биологија на Природно-математичкиот факултет, каде ги има подучувано студентите за лабораториските процедури за предметот „Основи на молекуларната биологија“.
Димитар е ангажиран како наставник по биологија во СОУ „Јане Сандански“ – Штип во периодот од декември 2024 до август 2025, предавајќи биологија со полно работно време на ученици од 1-ва и 2-ра година, развивајќи интересни лекции и поттикнувајќи позитивна училишна атмосфера.
Моментално- од септември 2025 год- Професор по Биологија, ПСУ Алгоритам Скопје
