[Литература] Никита Ралевски – VIII одд
Што ме движи кога се стои?
Ме движи играњето видео игри
со другарите добри
а потоа пишување со нив
интересни песни и творби.
Ме раздвижува онлајн наставата
каде стекнуваме нови знаења
цртаме, учиме и пишуваме.
И најважно од се
учиме како да се однесуваме.
Сакам многу и фудбал да играм
тоа задоволство ми причинува.
А посебно се радувам
кога топката во гол заминува.
Сакам да гледам и филмови многу
посебно тие поврзани со акција,
бидејќи тој жанр на филмови
ме возбудуваат и ми причинуваат позитивна реакција
Во ова тешко време
секој треба некое хоби да има,
бидејќи не можеме со нашите најмили да се видиме
и со нашите баби и дедовци по населени места слободно да поминеме.
Никита Ралевски, VIIIа одд.
Ментор: Митра Цилевска
ООУ„Димитар Миладинов“- Центар, Скопје
+29