[Литература] Софија Петковска – VIII одд.

 

Што ме движи,кога се стои?

 

Се застана. Биолошка војна настана.

Невидливиот непријател за миг се прошири,

пустош направи, видливи траги остави.

Да застанам или да одам?

Каков живот да водам?

Како да ја победам пандемијата?

Како да се спасам од самотијата ?

Многу прашања, одговори малку.

Тешки времиња, многу страдања.

Животи изгубени ,младости згаснени, соништа потонати….

Не! Јас нема да патам. Минатото не можам да го вратам.

Ќе мислам и размисувам ова тешко време полесно да го поминам.

Ајде сите да се обидеме, маските со насмевка да ги замениме .

Џагорот училишен да го вратиме оваа неизвесност да ја скратиме.

Храбрите животот ги наградува, позитивната мисла победува.

Љубовта кон саканите ме движи, се надевам, времето на победата се ближи.

 

 

+287