[Литература] Стефанија Јанковиќ – IX одд.

,,Што ме движи кога се стои?“

 

Поминува повеќе од година цела како човештвото е фрлено на колена, исправено пред досега можеби најголемиот здравствен предизвик. Година како светот го префрла горчливиот залак од една на друга страна во својата огромна усна празнина и никако не може да го голтне.Животот стана еден секојдневен бесцелен Сизифов труд.Човекот пред налетот на оваа бура остана затечен и преплавен од својата немоќ.Од овој предизвик не можеме да се отрезниме сеуште и по година цела,особено ние учениците чиј живот од корен се смени.Ние штотуку зачекорени по зрелите животни врвици се враќаме чекор назад,а можеби и два.Во вакви времиња кога се е разнишано и ставено под знак прашалник сепак човекот настојува да не ја губи вербата во европските вредности: инклузија,толеранција, правда, солидарност,недискриминација.

Тој 10 март 2020 година ни го смени животот целосно. Две недели ќе бидеме затворени поради таму некој далечен вирус од Кина-овие зборови и не се чинеа така страшни на почеток,но ете и денес траат тие две недели.Се повлековме во своите домови, ги избркавме насмевките, ги расселивме среќата и радоста, а дозволивме тивко да се вгнездат во нашите души – стравот и неизвесноста.Наставата од насмеаната, секогаш вревлива училница се префрли во домовите пред лап топите и паметните телефони. Полека технологијата нѝ стана нераскинлив дел од нашето секојдневно живеење,се се сведе на онлајн учење, онлајн пазарување, онлајн дружење, се изгуби социјалниот аспект на живееењето. Од весели, секогаш разговорливи деца станавме предвреме пораснати младинци кои веќе стануваат туѓинци едни на други и чии пубертетски мозолчиња од маските не се ни гледаат.Ние сме само еден сегмент од општеството погоден од вирусот, а има толку многу.Сведоци сме на безброј отпуштања од работа, на преполни болници, на изморен медицински кадар низ чиј грб оваа година протече многу пот, сведоци сме на безброј умирања на наши далечни и блиски луѓе.

Тука се прашуваме: Што не движи кога се стои? Што не движи кога сфативме дека здравјето е многу ранлива категорија и дека се може да се купи, но не и тоа? ,,Што не движи кога нашиот добро познат грип прави секојдневна мимикрија со опасниот вирус Ковид 19?“ ,,Што не движи кога доживуваме паничен напад пред секое мало поткашлување и зацрвенето грло?”Сега ќе ви одговорам:,,Ме движи вербата дека сето ова ќе биде минато, дека ќе биде дамнешен кошмар кој нема да се повтори, дека оваа битка со невидливиот непријател ќе заврши наскоро, ќе ни се врати насмевката на лицата, радоста во срцата. Ме движи помислата дека научивме или ќе научиме повеќе да си го цениме здравјето, слободата и сите мали важни нешта.Ме движи помислата дека ќе научиме дека животот не’ го чинат петте фотографии од егзотични места што ќе ги поставиме на социјалните мрежи за да пораснеме во нечии очи. Ме движи помислата дека научивме дека природата може и без нас, без нашето секојдневно, деструктивно однесување.Ќе радува фактот ако од сето ова извлечеме позитивна поука и ако го зголемиме нивото на емпатија, солидарност, меѓусебна помош и да изградиме еден поубав свет за сите нас.

Свет во кој ќе нема зајадлив поглед и љубопитни очи кои ѕиркаат во соседниот двор.Видовме многу примери во секојдневното наше опкружување како се гради солидарноста, емпатијата, чувството да се помогне некому. Видовме дека неколкуте подарени оброци значат многу за некое повеќечлено семејство, видовме дека нашиот застарен модел на телефон или лап топ со поправање и прилагодување изнудува искрени насмевки во нечии очи кои немаат на што да ја следат онлајн наставата. Видовме како медицинските лица жртвуваат се свое за да биде во ред се што е наше. Видовме многу откажувања, одрекувања во војната во која непријателот е невидлив, а се присутен.

Пандемијата сакале или не сакале да признаеме не смени како битија, како живи суштества кои малку по малку како да подзаборавија што не’ правеше различни од останатиот жив свет, сето ова ни дојде како бумеранг кој се надевам ќе не врати на вистинскиот пат од кој како да се изгубивме како луѓе пред се.

 

 

 

 

+271