[Литература] Софија Богдановска – VIII одд.

Што ме движи кога се стои

 

Што ме движи кога се стои?

Тоа е љубовта во очите твои.

Да го дарувам моето јас на твоето јас,

да извикаме љубов на целиот глас

 

Што ме движи кога се стои?

Љубовта кон родителите мои.

Топла,искрена,чиста,

кон двајцата подеднаква иста.

 

Што ме движи кога се стои?

Тоа се соништата мои.

За мир и љубов во целиот свет,

за добри желби и слобода

ко птица во лет.

 

Што ме движи кога се стои?

Скапоцени работи кои не ги купуваат парите

Пријатели мои.

Среќа,љубов,слобода,убави да се дните,

со пари ова не се купува верувајте ми сите.

 

Што ме движи кога се стои?

Во песна се преточив,

пријатели мои .

 

 

 

+1.105