[Литература] Нејла Адеми – VIII одд.

Што ме движи кога сѐ стои?

Денес во светот има многу луѓе, но ретко кој е човек. Живееме во време кога е изгубена човечноста и моралните вредности кај луѓето. Денес светот се бори со невидлив непријател т.н. корона вирус. Луѓето денес живеат во страв и паника од овој вирус кој што однесе доста животи. Во светот сѐ стои, ние луѓето имаме рестрикции дури и во нашето движење, заборавивме како е да се дружиме со нашите другари и другарки, нашите фамилии, заборавивме како е да ги прегрнеме нашите најблиски дури и нашите семејства се со цел да се заштитиме од овој невидлив непријател. Голем дел од луѓето почнаа да ги извршуваат своите работни активности од дома, па така и ние учениците веќе година дена сме оддалечени од училишните клупи, нашите другари и другарки, нашите наставници, само поради една цел а тоа е: ДА СЕ ЗАЧУВА ЗДРАВЈЕТО. Иако имаме потешкотии при онлајн учењето, сепак тоа не треба да биде пречка за наше напредување, туку напротив, и во вакви услови да покажеме дека учењето ни е приоритет и треба да имаме поголем мотив за да си докажеме самите себеси дека можеме и мораме да учиме. Исто така, денес живееме само со нашите спомени од пред оваа пандемија, често се присетуваме на нашите заеднички дружења, нашите моменти поминати некаде надвор со нашите фамилии, нашите заеднички фотографи и манифестации од училиште, организирање на концерти, културни манифестации и многу многу други работи кои сме ги правеле, а сега веќе за жал сме ограничени во се’, па понекогаш си правиме компарација на работите од минатото и работите што сега ги правиме.

Но, ова не треба да не демотивира и да губиме надеж дека нема да се врати се во нормала.Она што ме движи и во овие тешки времиња е пожртвуваноста на медицинскиот персонал, нивната пожртвуваност за здравјето на секој пациент, нивните непреспиени ноќи, нивната оддалеченост од нивните семејства со цел да помогнат на секој кои што има потреба. Ме поттикнува и трудот кој го вложуваат и нашите наставници за да сфатиме и ги научиме лекциите и покрај онлајн наставата. Ме движи и работата на хуманитарните организации кои и во услови на пандемија помагаат и донираат храна и други намирници на семејства кои имаат потреба од тоа.

Секој човек кога ќе помогне на некој, било таа помош да биде мала, во него се буди едно такво чуство на среќа и исполнетост во својата душа, па се прашувам какво е чувството на доктор кој го спасил животот на некој пациент? Или какво е чувството на наставник кој успеал да научи и поттикне децата да почнат да учат? Или какво е чувството на оние кои преку хуманитарни организации ги помагаат луѓето? Понекогаш се обидувам да дадам одговори на ови прашања, па одговорот би гласел: Кога се сака и се работи со љубов и посветеност сѐ се може. Па токму е ова тоа што ме движи и мотивира да и покрај ваквите услови, треба што повеќе да учиме и да се трудиме за да еден ден ги оствариме нашите соништа. Исто така, она што ме движи е и позитивната мисла и оптимизмот во мене и надежта за подобро утре, дека оваа пандемија ќе стивне, болните ќе оздрават, ќе се вратиме повторно на училиште, ќе почнат повторно собири и концерти, ќе можеме слободно да поминуваме време со нашите најблиски надвор од нашите куќи, и ќе се врати насмевката кај сите луѓе.

Живееме во време каде оваа пандемија направи да нема разлика меѓу богатите и сиромашните, дека ова е време кога треба да се пробуди свеста кај богатите и да сочуствуваат и да ги разберат оние кои се под нив, дека нивното богатство не им вреди ништо, дека со нивните пари не можат да ја прекинат оваа пандемија. Она што ме движи во оваа тешко време е тоа дека ќе се пробуди свеста кај богатите и ќе ги помогнат сиромашните во ова време на пандемија.

За жал, денес во светот има и деца со попреченост, деца кои што се поразлични од нас, деца кои имаат помалку можности и пристап до технологијата со која ние денес располагаме, но сепак тие деца се трудат и живеат со тие потешкотии и кои ја прифатиле ситуација во која се наоѓаат. Има доста деца на наша возраст кои се малтретирани дури и од нивните семејства, но сепак се трудат да учат, па она што ме мотивира и поттикнува е нивната борба и пожртвуваност за нормален живот и покрај сите препреки, дека и тие деца имаат право на убав живот, имаат право да бидат прифатени од средината во која што живеат, а не дискриминирани, имаат право да бидат сакани и почитувани и покрај нивниот недостик. Исто така ме радува и ме мотивира тоа што во светот сѐ уште постојат добри луѓе кои што им пружат нега и заштита на ваквите деца и во ова тешко време, а со вакви постапки на помош кај мене се буди се’ повеќе хуманоста.

Исто така, она што ме движи се и моите родители кои ме научија да ги почитувам сите и да не правам поделби помеѓу луѓето, дека сите луѓе се исти и сите имаат право да бидат прифатени онакви какви што се, без разлика на нивните маани и недостатоци.И покрај оваа пандемија која ни ги смени нашите навики на живот, јас издвоив некои позитивни работи што оваа пандемија ги направи како, прочистување на воздухот од гасот што го испуштаа автомобилите, се намали бројот на пожари во шумите, дојде до прочистување на морињата, езерата, реките, едноставно како да се обнови природата.

На крај, ако сакаме да го промениме погледот кон светот на подобро и после оваа состојба, мора секој од нас да тргне од самиот себеси, затоа што најдобрата промена доаѓа кога секој од нас ќе се преиспита самиот себеси за своите постапки. Да порачам до сите: ,,Да почнеме повеќе да се сакаме и почитуваме, да излеземе како победници од оваа пандемија, да се зближиме уште повеќе едни со други, да шириме позитивна енергија и насмевка а со тоа ќе го оттргнеме стресот од нас. Само со позитивна мисла и надеж ќе ја надминеме оваа ситуација.”

 

 

 

+185