[Литература] Моника Сенева – IX одд.

Што ме движи кога се стои?

Некои денови се будиме и едноставно не ни се станува од кревет. Зошто? Зошто да станеме од кревет кога живееме во свет што е полн со омраза и гнев. Што е поентата да живееме кога деновите ни поминуваат сами во собите гледајќи по интернетот читајќи за сите лоши нешта што се случуваат во моментот. Животот не е ист како порано, луѓето не се исти, ние луѓето го уништуваме светот и се повеќе и повеќе добиваме тинејџери што се мразат себеси си, депресивни се и на крај…се самоубиваат, бидејќи едноставно не знаеле како да продолжат како да се справат со сето ова сами. Ми се крши срцето кога слушам за сите млади што починале на најлошиот можен начин со самоубиство. Зошто е вака? Зошто мора да биде вака? Зошто не го смениме ова? Зошто не го смениме светот за подобро? Да ги спасиме луѓето од нивните негативни мисли и од нивните проблеми и потешкотии.

Во ова не сте сами, тука сме ние за помош заедно ќе ги пребродиме најтешките денови. Но, проблемот не е само во луѓето што се справуваат со ваквите нешта, туку и во луѓето што не сакаат да помогнат, да го направат светот подобро место за живеење. Можеби вие се плашите од постапките ваши и не сакаате да се покажете во подобро светло. Но, јас нема да бидам во делот на тие луѓе, јас ќе се борам за светот нема да дозволам за загуба на повеќе луѓе и нема да гледам како земјата пропаѓа пред моите очи.Некои велат “Како ти можеш да помогнеш?” “Tи со ништо не можеш за да го подобриш ова, сама нема да направиш ништо само си го трошиш времето”.Предолго живеев вака седејќи дома и молчејќи додека надвор се случуваат секакви лоши работи.Никој нема да ме спречи во оваа, а тоа важи и за сите вас не бидете како другите. Во овој период повеќето луѓе се манипулирани од страна на негативната енергија што ги води надолу, поретки се тие што навистина се со позитивна намера и се тука за тебе. Но, тоа може да се смени. “Што те движи , како продолжуваш понатаму”? Ова прашање го добивам многу често како можам да бидам толку самоуверена и со позитивни мисли кога живееме во свет со многу негативни мисли.Еве го едноставниот одговор јас не се откажувам од нештата што ги сакам и тоа ме прави поразлична од другите. Многупати луѓето се откажуваат од нештата што ги сакаат и живеат живот што не го сакат полн со негативни мисли, неуспех, разочараност, каејќи се за нивните постапки цел живот мислејќи што ако пробав малку ризик каков ли ќе ми бил животот сега ако сум успеал колку ли среќен ќе сум бил. Твоите чувства играат голема улога во твојот живот, се во твојот живот е поврзано со тоа како се чувствуваш. Секоја одлука што ќе ја донесеш се базира на тоа како се чувствуваш. Па затоа, ајде запрашајте се како се чувствувате сега во моментот, дали ви се допаѓа животот кој го живеете, дали вие сакате да живеете така како другите каејќи се за шансите кој сте ги пропуштиле дали го сакате тоа? Или ќе станете од кревет и ќе го направите тоа од што се плашите, ќе направите добри дела, ќе бидете хумани и што е најважно ќе се сакате и ќе се почитувате себеси. Бидејќи ако вие не се сакате самите себе си како живеете воопшто, треба да се заблагодарите на себеси што се уште сте живи и се уште се борите. Секогаш сакајте се себеси, ако вие не се сакате првин себе си како тогаш ќе можете да сакате некој друг. Почитувајте се себе си, заблагодарете се на себе си и на телото кое ве движи напред. Омразата заменете ја со љубов и благодарност. Сменете го начинот на кој размислувате, бидејќи вашите мисли играат голема улога во вашите одлуки. Кога веќе го направивте тоа веќе сте еден чекор понапред кон целта. И сте спремни за да се соочите со своите соништа и да го изберете ризикот, па макар колку и да изгледа тешко.Но, многумина сеуште се плашат од помислата, што ако не успеам? Можеби од прв пат нема да успеете, но тоа не значи дека треба да се откажете, продолжувате понатаму ќе бидете упорни се додека не стигнете до целта, напорната работа и трудот секогаш на крај се исплаќаат.Еве еден мој личен пример.Со години го барав својот талент , додека сите други веќе го пронајдоа својот талент јас секогаш не успевав да го пронајдам и бев многу поназад од другите, секогаш губев и искрено бев навикната на тоа. Првин пробав со свирење на музика, не успеав, потоа се запишав на кошарка, не успеав бев најлошата во тимот, пробав и други спортови и повторно не успеав. Но, што беше најлошо е што јас не се слушав себеси што сакам туку ги гледав другите што прават и сакав да бидам како нив, бидејки се плашев да бидам поразлична од другите. Но, тоа се промени кога одлучив да се запишам на балет. Во мојот град балетот не беше многу развиен и искрено го потценуваа. Но,тоа дефинитивно се промени кога една жена одлучи да организира часови по танц и секако многумина првин не беа заинтересирани, но јас што направив, се запишав прва. И тоа беше најдобрата одлука во мојот живот. Открив дека танцувањето бил мојот талент што се криел долго време и можам да кажам дека сега сум една од најдобрите во танцувањето. А тогаш не бев многу сигурна си мислев што ли ќе мислат другите за мене? Дали ќе ми се потсмеваат што не сум како нив? А што ако не успеам повторно? Но, на крај сфатив дека ризикот дефинитивно се исплатил.Исто така во овој период ја открив и мојата скриена љубов кон пишувањето. Истите мисли што ми се појавија кога се запишував на балет се појавија повторно. Тие негативни мисли што не сакаат да продолжиме понатаму. Долго време криев за моето второ хоби, но еден ден мојата наставничка по македонски не праша дали има заинтересирани за конкурс по литература. Првин не бев заинтересирана да присуствувам на конкурс, бидејки имав многу домашни задачи и за учење, мислев дека нема да имам време и дека нема да успеам да напишам одличен есеј. Но ,нешто во мене велеше да се обидам, целиот ден го потрошив мислејќи дали да се обидам или не. На крај одлучив да се пријавам, искрено наградата не беше таа која ме привлече да учествувам едноставно сакам да пишувам, обожавам да пишувам. И еве ме сега среќна додека ги изразувам своите чувства и мисли кон пишувањето на мојот есеј.Но, не е се и во трудот и тешката работа. Сега во моментот си велите што зборува трудот е најбитен ако не се трудиме и не почнеме да работиме ништо нема да постигнеме. Да тоа е точно трудот е битен ,но има нешто што е побитно од трудот. Нашите мисли, ако ние се трудиме и работиме многу но сме со негативни мисли и не го сакаме тоа што го работиме, тогаш поголема е шансата за неуспех. Ти едноставно стануваш она за што размислуваш, па затоа секогаш треба да го сакаме тоа што го работиме, да гледаме на нештата со позитивност и да веруваме дека ќе успееме. Наместо да велите јас нема да можам, нема да успеам заменете ги зборовите со јас можам и јас ќе успеам. И веќе кога ги имате тие мисли и трудот ете тогаш пријатели мои доаѓате до успехот. Но, ќе има и други проблеми ќе се појават луѓе кои ќе те исмејуваат и ќе се обидат да те одалечат од твојот успех само за да не бидеш чекор понапред од нив.Но, ти нема да дозволиш да те спречат и да те одалечат од својата цел, ќе им се спротиставиш.Веќе кога ќе и се спротиставиш на негативната енергија што ти ја испраќаат таквите луѓе ти си поинаков од нив. Но ,на позитивен начин ти не си како другите , додека сите се опкружени со тие злобни мисли ти се издвојуваш. Додека сите други се мракот, ти си светлото кое блиска со убавини. Кога сите одат кон лошиот пат, ти го избираш добриот! Кога сите паѓаат, ти стануваш!Кога сите стојат, ти продолжуваш! И така доаѓаш до формирањето на својот живот што од секогаш си го сакал и го носиш светот кон подоброто светло, но не заборавај никогаш немој да бидеш себичен, кога и треба помош на другите помогниим и споделим им го своето лично искуство не го задржувај само за себе. Е па еве пријатели дојдовме и до крајот на пораката се надевам дека ова ве инспирираше да постанете најдобрата верзија од себе си. Пред две години никогаш немаше да помислам дека за само две години животот би ми бил волку поинаков.Откривањето на долго скриениот талент, љубовта кон танцувањето и пишувањето…пред само две години јас бев личност со негативни мисли и со голем број неуспеси. А видете ме сега, пишувам есеј за да помогнам на луѓето кој биле како мене пред две години, во моментот сум личност со позитивни мисли, живеам среќен живот и што и да посакам можам да го остварам.

Секоја желба може да се оствари ,но најпрвин треба да веруваш дека ќе можеш да ја оствариш. Хероите никогаш не се откажуваат, веруваат во себе, го прават светот подобро место за живеење, помагаат на другите и секогаш продолжуваат понатаму.

Па затоа биди ХЕРОЈОТ во приказната!!

 

 

+163