[Литература] Михаела Аќимоска – IX одд.

Кога стоев срцето ме движеше

Сега кога се стој и е тажно,

научив што е важно.

Важно е што во срцето носам една мисла милна,

која ми вeли сега е моментот да бидеш силна!

 

Ми вели не стои заедно со времето,

ќе те понесе невремето.

Учи, читај, напредувај, не заборавај да пееш,

не рони солзи почесто треба да се смееш!

 

Сега кога се бориме со невидлив непријател,

секое добро чувство го земав за мој пријател.

Битката уште не е загубена,

најбитно е надежта да не е изгубена.

 

Ги земав моите најсилни војници,

љубовта, надежта и желбата сметам дека се правите достојници.

Ме туркаат по грбот силно, ми викаат ајде,

немој во тебе Сонцето да зајде!

 

Кон патот на мојата животна цел се движам силно и здраво,

но, сред патот Ковид-19 до еден човек блед стои пред мене право.

Изнемоштен на колена падна, а позади него уште милиони болни такви,

очај и жал ме обзеде се прашував што заслужиле за да бидат вакви?

 

 

Но, носев една ѕвезда во мене која патот ми го свети,

ќе ви издадам една тајна, епа таа нешто ми вети.

Ми рече бранот од тага да не ме понесе,

вербата на правилното место ќе ме одонесе.

 

Станав и го вдишав возудхот ладен

и во мене се пробуди ѕверот за успех гладен.

Ми рече на пола пат си не се откажувај,

дека можеш, докажувај!

 

 

 

Срцето ме мотивира да се движам кога се е тажно и кога се застана,

ми влеа надеж, ме придвижи кон целта, ме мотивира да победам во војната која настана!

 

 

 

 

 

 

 

+257