[Литература] Мила Ивановска – VII одд.
Мотивот е во нови дострели
Доаѓа понекогаш момент или време
чиниш ништо не се движи, сé стои
носиш на плеќите тешко бреме,
сила да се покренеш ко да не постои.
Еве го денес тој зол час,
уште едно заминување од овој свет,
младост покосена, лелеци на цел глас,
короната откина уште еден убав цвет.
Изгубена, вџашена, скаменето лице,
стојам в болка, немо следам,
не, нема лесно да кренам раце,
барам мотив животот да го средам.
Оптимизмот ми дава сила и гордост,
мотивот е во многу нешта околу нас,
тоа е љубов, солидарност и сплотеност
желбата да подадеш рака за спас.
Ќе се борам за еднакви права за сите,
за мир, правда и толеранција,
за инклузија на децата со посебни потреби,
да нема никаква дискриминација.
Вербата ме бодри, ми дава сили,
кога сé е обвиено во сиви бои
наоѓам мотив во нови дострели,
светот се движи, никогаш не стои.