[Литература] Мила Здравковиќ – VII одд.

Што ме движи кога се стои?

 

 

“Што ме движи кога се стои?”со помош на малите работи кои што се случуваат,а многу ми значат во овој период и ќе се задржам на набројување на работите кои ме прават среќна и ќе пробам да ги мотивирам и другите да направат и тие листа со вакви слични нешта.

Многу често во последнава една година додека постои ковид губам мотивација да правам многу работи.Се ме исцрпува и како што поминува времето така се гасне жарчето во мојата детска душа кое што во минатото силно горело.Се чуствувам како што и да правам нема да ми користи во понатамошниот живот и мислам дека ништо неправам како што треба.Како да сум паднала во некоја длабока дупка и кога пробувам да се искачам до крајот се слизнувам и паѓам надолу.Затоа пред не многу долго време почнав да им давам значење дури и најмалите работи што се случуваат затоа што сватив дека треба да се концентрирам дури и на најмалите нешта кои што може да ме направат многу среќна за време на тешките мигови во животот.На пример неможам да ја опишам мојата среќа кога го поминувам времето сама.Така размислувам за се што ми се случило и ми се случува и можам полесно да се концентрирам на работите што ги сакам и полесно ги разбирам моите чувства.Исто кога сум некаде на одмор и рано наутро со чаша топол пијалок во рака одам на плажа и ги слушам брановите на водата и малите жапчиња кои што крекаат насекаде.Неопишливо ми значи и природата,сите дрвја,разнобојни цветови,трева и се што е дел од неа и нежниот ветер што вее и нежно ме милува на лицето и пажливо поминува низ мојата коса додека јас боса чекорам по меката трева и ја чуствувам како нежно се допира за мене.Или кога одеднаш додека врне дожд ќе се појават силните зраци од сонцето и заедно ќе направат виножито на небото.Зелените растенија кои што се насекаде низ мојата соба и мали мачиња со многу густи влакна на телото.Стари,исплетени, кафеави џемпери со шари на нив и мирисот на ново исперен покривач.Мирисот на крема за сонце,музика и луѓе што свират гитара.Или чувството кога ќе прочиташ некоја долга интересна лектира и се сеќаваш на сите настани што се случувале во неа и со нетрпение чекаш да им ја раскажеш на твоите пријатели.Кога ќе насмееш некој од твоите пријатели ненамерно кој што долго време не се насмеал пред тебе.И чувството кога почнуваш да приметуваш дека растеш и повеќе не си малото девојче кое што сте биле порано и така ви се смеува мислењето и начинот на кој што ги гледаш и сфаќаш работите и како што до пред некој ден си размислувал која играчка ќе ја одбереш да ти ја купат за роденден сега размислуваш за се што ќе ти се случи во иднината на пример како ќе најдам нови пријатели или како ќе го уредам станот во кој што ќе живеам и исто додека порано не ти било важно ништо сега пробуваш да се покажеш како подобар човек пред другите за да не те сметаат за некоја лоша личност.

 

Сите работи кои што ги набројав погоре се неопишливо важни за мене и иако не се многу “големи” нешта сепак ми ја исполнуваат душата со среќа и со помош на нив учам како да се радувам на се што ми се случува во животот па дури и да е нешто на кратко и малечко.И исто така сметам дека треба да се сослушаат мислењата и на другите за оваа тема затоа што верувам дека повеќето од нас го заборавиле чувството на среќа и затоа треба да ги израдуваме барем и на кратко во овие тешки делови од животот.

+7