[Литература] Давор Атанасовски – IX одд
Што ме движи кога се стои?
Секој човек на оваа планета
Има нешто што мрази и сака
Дали добро или лошо
Секому како бумеранг се враќа
Биди човек, биди ти
Глава горе, оди право
Не се живее со гнев и лага
Или од едно кажано браво
Ако немаш ништо свое
И вербата во свое јас
Секој ќе те понижи и шутне
Бес да пуштиш ни глас
Затоа живеам како сакам
Животот на младите останува
Смеј се, радувај се и сакај
Лошото со лошо потонува
Што ме движи кога стојам
Запрашајте се сите
Ако не си чесен, вреден и добар
Напразно ти минуваат дните
+2