[Литература] Викторија Атанасова – VI одд.
Што ме движи кога се стои?
Семејство,другарство,
движечки сили на човечки хоризонт
со чекор на толеранција и солидарност
со слика без детска дискриминација.
Но денес се стои ,
чекорот се сопре од машина една,
компјутерот стана другар наш,
екранот светол училишно знаење ни дава,
го замени гласот на училишен ѕвон,
врева во весел школски двор,
а другарството наше слика од презентација стана.
Нема училиште со бескрајна врева
нема спорт нема музика его да крева.
Мотивација сам секој си бара,
како полесно да се снајде,
во ова што не најде.
Надеж,желба,воља,
секој некоја мисла во глава крои.
Како во оваа пандемија да испловиме,
оти секоја мерка ко обрач дома не стега,
безбедноста за здравје е важна
за да можеме низ ова време-невреме да пловиме.
Емоции ко капки роса се леат со врела сила
за со стравот и грижата ко лавови да се бориме,
Чекор по чекор да одиме,
упорноста и трпеливоста нека не запираат,
за надежта да завладее.
Предаторот од голем размер да го снема,
и да продолжи старата дневна шема.