[Литература] Ана Лосковска – VII одд.

Што ме движи кога се стои

 

Што ме движи кога се стои?

Природата со своите живописни бои,

звукот на водата дива,

и малото пајче што учи да плива.

 

Што ме движи кога се стои?

споделените тајни со другарите мои,

срцето вдлабено во дрвото старо

и палавото момче од моето мало.

 

Што ме движи кога се стои?

Рацете што говорат на соседите мои

За другарчето мое што немо ме гледа

знаковен јазик јас научив сега.

 

Што ме движи кога се стои?

Браевите букви без боите свои,

слепото детенце што многу ме сака

да танцуваме ми подаде рака.

 

Што ме движи кога се стои?

светот низ призмите свои,

различности на сите страни

во срцата љубов ни збрани.

 

 

 

+530