[Литература] Ана Велковска-VIII одд.

Што ме движи кога сè стои

 

Светлината, стана темнина,

среќата стана тага,

белото стана црно.

Стрелките на часовникот застанаа,

црната ја сокри белата,

времето сопре.

Маглата набрзина го обви сечие срце,

не направи да се чувстуваме парализирани,

последната капка среќа ни ја исцеди од нас,

останавме само тела со сива душа,

која тежнее за капка среќа бела.

Останавме сами, на немилост и милост, вкочанети,

спас да бараме,

нашата среќа пак да си ја најдеме.

Но, во секоа темнина,

ако се потрудиме,

ако вредно бараме,

ќе најдеме барем малку светлина,

некаде сокриена,

длабоку, скриена во нашето срце,

скриена од таа сива, темна, магла.

Кога ќе ја пронајдеме, таа мала нежна капка,

свиена длабоку,

нашата среќа пак, магично ќе се врати.

светлината ќе ја пробие маглата,

белото ќе го обои црното,

часовникот пак ќе почне да движи, заедно со времето,

и нашата среќа.

 

 

 

 

+157