[Литература] Амира Ваити – VIII одд.

Пријателство

 

Пријателството е искра

од срце што се ткае,

секој човек треба

за него да знае.

 

Од пријателство да сме среќни

се од радост да блика,

сите да сме среќни

ко во магична слика.

 

Толеранцијата да надвладее

во оваа земја мала,

со пријателска љубов

сѐ да тече ко шала.

 

Кон другите да се обраќаме

со љубов, почит и нежност,

искрената љубов да ни е

наша најголема предност.

 

 

Пријателски настроени

едните кон други,

така ќе ги поминеме

и најголемите пруги.

 

Љубовта да расте

да не е сѐ во пари,

сите да се сакаме

деца, млади, стари.

 

Дискриминација и предрасуди

ајде да ставиме крај,

светов да го претвориме

во мал и среќен рај.

 

 

 

 

 

+21