[Литература] Александар Тодоровски – VI одд.

Што ме движи кога сè стои?

Вардар сѐ уште уште неуморно тече…

Сонцето изгрева и заоѓа секојдневно…

Месечината праќа поздрави од небескиот шир…

И стрелките на часовникот отчукуваат полноќ кога ќе го поминат 12…

Навидум, се е вообичаено… исто… непроменето

Како пред 100, 200 или 1000 години…

Но, додека Земјата сѐ уште движи…животот на неа, стои.

Тишината и вревата се соединија,

Височините и долините се сплотија..

Денот и ноќта се сврзаа…

А луѓето..

луѓето останаа неми пред оваа бура на нова реалност

И сега после година дена,

Живеење без живот,

Дишење без воздух и движење во место…

Јас велам… не се предавам.

Не потклекнувам пред овој мрак.

Токму сега кога гласовите ни се шумови,

А погледите молење…

Бирам да ме движи љубовта, верата и надежта..

Ќе ми помогне силата која ја чувствувам при секој здив,

Смиреноста при секоја мисла и истрајноста која ја гледам во бесконечниот космос

накитен со безбројни ѕвезди.

Затоа што сѐ додека седиме во место,

И чекаме да помине…

Ќе помине само нашето време, нашата шанса,

нашата секунда во вечноста

 

 

+17