[Литература] Александра Димитровска- VIII одд.

Што ме движи кога сè стои

 

 

Помина точно една година, од најголемата светска пандемија до сега, наречена Ковид 19 или корона. Како вчера да беше кога слободно живеевме, насмеани, весели,не помислувајќи дека ќе се случи вакво зло од светски размери. Вирус за кој што на почеток не ни помислувавме дека може да биде толку опасен, смртоносен, и со толкава разорна моќ. Се уште опуштени и со неверие секојдневно слушавме како пандемијата се шири сè повеќе и повеќе во сите држави во светот и на сите континенти. Сè беше под опсада на оваа чума на дваесет и првиот век. Оваа непријатна ситуација влеваше страв и трепет во сечие битие, толку многу, што се уште помислувам понекогаш дека , сето ова е само еден лош сон, кошмар од кој ќе се разбудам следното утро. Ќе се разбудам во она време, пред светот да се завее во црно, од тага и болка за изгубените невини животи, за изгубените соништа, за неостварените желби на милиони луѓе. И оддеднаш посакувам да имам моќ да го променам светот, да биде онака како што беше и никогаш повеќе да не се повтори во нашите животи.

Светот во кој што живеевме одеднаш замре. Се испразнија училиштата, градинките, фабриките, се испразнија парковите и улиците. Едноставно згасна смеата, радоста, мирот, завладеа паника и страв. Згасна надежта, копнежот и среќата во многу семејства. Изолација, карантин преполни болници , плач и лелек од болка кон најблиските се слушаше насекаде.

Од целата оваа ситуација не бевме поштедени и ние децата.Седењето дома многу ни наштети,пробуваме да пронајдеме некое хоби и занимација за да ја победиме досадата и изгубената слобода. Се прашувам дали бевме спремни во дваесет и први век, на овој нов начин на живеење, а одговорот е секако не, не бевме. Ние тинејџерите бевме родени во едно мирно и совршено општество, време без војни, со напредна технологија.Новата ситуација ни го промени целиот биоритам на живеење. Не можевме слободно да се движиме, да посетуваме настава, да го поминуваме слободното време со нашите врсници, да го живееме тинејџерскиот живот исполнет со смеа и безгрижност. Оваа ситуација не исплаши сите нас. Заштитни маски, држење растојание, хигиена, клише, секојдневно клише… Седам дома и размислувам, јас тинејџер и милиони други тинејџери на планетава, сите различни по вера, боја, националност, но со исти желби и копнеж за нормализирање, за придвижување на животот од таму каде што застана .

Технологијата и интернетот не проголтаа толку длабоко, што едноставно неизбежно е да не се биде пред компјуер, телефон, телевизор. Предавање онлајн, дружење онлајн.

Дојдовме до ситуација да си го поставиме прашањето. Како да се издржи!? Прашање кои сите си го поставуваме. Мораме да се мотивираме за да продолжиме понатаму.

 

Што ме мотивира мене и милиони други луѓе да се движат, живеат во оваа нова, на изглед безизлезна ситуација. Сите нас не мотивира нешто посебно во нашиот живот.

Мене лично ми дава елан, сеќавањето на минатата дружба, со моите школски другарчиња, смеата и радоста што ја имав пред една година. Исто така и природата која дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. Едвај чекам кога повторно ќе одиме во прошетка и ќе видеме разеленети дрвја, расцутени цвеќиња, бујна зелена трева и животни кои разиграно трчат низ убавините на природата.

Ме мотивира и топлината на прегратките од најблиските. Топлината и сјајот на очите кога си разговараме во живо. Безгрижно, без страв да комуницирам и допирам сè. Да уживам повторно во џагорот и дружбите во школските ходници и дворови. Дружењето во парковите, домовите и училиштата. Да! Сето ова недостига , но вооедно и мотивирање да издржам во ова депресивно време. Време кое никогаш нема да го заборавиме, време во кое ќе го има во книги и нашите потомци ќе научат за тоа. Ќе бидат среќни дека тоа не го преживеале, но и тажни за тие што го преживеале. Знаејќи дека било многу тешко да се издржи за сите нас, сега точно ми текнува на една стара поговорка која од прилика гласи вака: – Кога ќе изгубиш нешто што вреди тогаш му ја гледаш вредноста. Затоа ова време на пандемијата, паника не треба да не разочарува. Со надеж дека сето ова ќе исчезне и никогаш нема да се повтори.

Слободното време го посветувам на читање книги.Книгата е прозорец кон светот.Таа ме води на далечни патувања, и продира длабоко во мојата фантазијата.Книгата е како учител, ме учи на многу нешта.Таа е мој најверен другар,ми помага во најтешките моменти. Книгата не учи како да се снајдеме во ситуации како оваа.Кога ми е најтешко,јас влегуваме во светот на книгата,во нејзините авантури,во нејзините знаења.Книгите се мојот прозорец кон светот, бидејќи можам да погледнам во неа и да видам и да научам многу.Таа секогаш ми помага, и ме подучува.

Книгата е мојот најверен другар.

Пронајдов неколку хоби кои ќе ми го направат денот интересен. Всушност, ја сфатив суштината на вредноста од дружењето, комуникацијата и слободата. Сфатив дека без сето тоа не можеме да продолжиме понатаму. Дека здравјето, семејството се е од суштинско значење во животот на човекот. Посебно за нас младите. За многу од нас дружењето е мотивација, без него ние ќе бидеме осамени. Но осамени не ќе можеме да ја победиме оваа пандемија. Сега сум посилна, во смисол никогаш да не се откажувам од сето она што зачи слободен, безгрижен живот. Ме движи да се охрабрувам и да се надевам дека набрзо ќе се нормализира. Дека конечно ќе се продолжи животот како што беше.А ние ќе извлечеме поука од сето ова дека ништо од материјалните вредности не е побитно од здравјето, дружбата и слободата. Ете тоа е најголемата мотивација што ме движи и ми дава надеж. Надеж дека сè ќе биде како порано, само што сега повеќе ќе уживаме во тоа. Никогаш во мојот живот не сум имала поголема надеж и желба за побрзо одење кон иднината,можеби таа ќе ни донесе поубав и посветол свет.А нас ни останува само да веруваме длабоко во себе во тој ден.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

+24