[Литература] Сара Алексовска – IV одд.

 

МОЈОТ СВЕТ

Би можела да напишам роман штом некој ќе праша: „Кажи ми, што е тоа што те движи кога сè стои?“, сепак одговорот ќе го склопам во еден стих и ќе речам: ме движи светот и посебноста на неговите прекрасни бои.

 

Ме движи сината боја, синилото како тоа на небото, што како гордо знаме се издига над нашите глави, таа боја ме потсеќа на солидарноста и единството, вредности кои секој човек на светот треба да ги слави.

 

Ме движи зелената боја, бојата на природата, чија магија заспаниот свет напролет го буди, ете, таа боја за мене е надежта која не згаснува, надеж, дека секој човек да биде праведен ќе се труди.

Ме движи жолтата боја, бојата на сонцето,

во чии прегратки има место за секој од нас,

оваа топла боја ме потсеќа на толеранцијата, таа да биде ѕвезда-водилка во светот, посакувам јас.

 

Ме движи црвената боја, бојата на љубовта, бојата на нашето срце кое е создадено за да сака, оваа боја е вечен потсетник дека да се биде човек, подразбира на секој да му се подаде рака.

 

Ме движат сите бои на виножитото,

секоја од нив, иако различна, има убавина своја,

секоја од нив е посебна како што е посебен и секој човек,

да ги почитуваме и прифаќаме сите, тоа е желбата моја.

 

 

 

+92