[Литература] Симона Цветковска – III одд.

Тема: ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СЕ СТОИ?

 

Наслов на делото: Инклузија-различни можности и потреби наместо дискриминација

 

Летниот распуст само што заврши. Денови броев до стартот на новата учебена година.Со нетрпение го очекував за мене најрадосниот ден-1ви септември, бидејќи тогаш, после долго лето поминато на село кај баба и дедо можев повторно да се видам со моите другарки.

Заѕвони ѕвончето кое едвај се слушаше од детската смеа која владееше во нашата училница.Со Ана и Миа непрекинато ги раскажувавме нашите случки од летото.

Одеднаш влезе наставничката Неда. Имаше секојпат убаво средена коса, со разиграни кадрици кои нежно го покриваа нејзиното тркалезно лице.

,,Добар ден ученици,,-не поздрави.

,,Леле колку сте пораснале,,рече со насмевка на лицето!!!!

,,Премногу ми недостасувавте,,.

Нестрплива сум да слушнам како го поминавте летниот распуст.

Одеднаш се слушна чуден звук. Како некои тркала да движат накај нашата училница. Некој тропна на вратата. Сите погледите ги насочивме натаму. Се појави психологот Перо.

Добар ден ученици. Ви посакувам успешна учебна година.

Сакам да Ве известам дека оваа година ќе имате нова соученичка во Вашето одделение.

На сите ни ја претстави Тамара.

Тамара беше ученик во количка. Во училницата настапи тишина.

,,Ова е Тамара,, – рече психологот. Ученик како Вас. Малку поразлична. Ќе биде дел од Вашето одделение и би сакал сите заедно да и посакате едно топло добредојде и да допринесете да може Тамара да води нормален живот како Вас, да развива пријателтва со Вас и да биде вклучена подеднакво во сите активности организириани од страна на нашето училиште.

,,Вие наставничке Неда, за време на летниот распуст ги поминавте сите он-лајн обуки за инклузивно образование заедно со останатите наставници, со оглед на тоа мислам дека ќе нема никаков проблем околу помош на соодветно образование за Тамара. До крајов на денот ќе Ви бидат доставени и дополнителни прирчници и упатства за инклузивно образование, кои ќе Ви користат за подобрување на пристапот и учеството на Тамара во процесот на следење настава и учење, како и да го подобрат нејзиниот успех,,-кажа дефектологот.

Наставничката Неда Тамара ја смести до мене. Срамежливо ме погледна и се потруди да ме поздрави со дланката која навидум беше слаба и бела.

За миг тишината во уличницата ја прекина училишното ѕвонче кое го означи крајот на часот за овој прв училишен ден.

Училницата набрзо се испразни. Сите деца си заминаа. Останав сама со новата другарка. Ги ставив рацете на кочичката и и помогнав заедно да излеземе во училипниот двор.

Токму таму, сите погледи за миг се насочија кон нас. Одеднаш се застана. И децата, и часовникот и џагорот. Ме движеше само желбата да и помогнам на Тамара да ги осознае и ужива во сите можности на животот најдобро што може.

Обрзованието го менува животот на сите луѓе во светот. Јас сакав да и помогнам на Тамара да ја осети таа убава промена.

Пристапот до квалитетно обрзование кое го имаат сите деца сакав да го има и Тамара.

Ако е раазлична од нас не значи дека треба да го пропушти училиштето.

Од дебелата сенка на старата училишна бреза истрча мајката на Тамара.

,,Јас сум Симона, новата другарка на Тамара,,-се претставив.

,,Јас сум Вера. Ти благодарам што ја доведе Тамара до тука,, .Се насмевна, ја турна количката и заминаа кон својот дом.

Тоа беше највозбудлив прв училишен ден за мене.

Јас и моите соученици ја прифативме Тамара како и секое друго дете.

Во деновите кои следеа се формира и посебен инклузивен тим од страна на директорот на нашето училиште кој вклучуваше дефектолог, кој со Тамара и децата како неа од другите одделенија работеа по посебна прогама, а сите ние им дававме максимална подршка со цел понатаму да се приклучат полесно во општеството.

Среќна сум што ја имам Тамара за моја другарка. Среќни сме што е дел од нашето одделение. Таа е иста како сите деца во светот, само има различен начин во остварување на општите човекови потреби кои се и треба да бидат исти за сите граѓани.

Сите училишта треба да бидат центар на заедниците и различностите.Така учениците ќе учат за инклузија, различните можности и потреби наместо дискриминација.

 

 

+2