[Литература] Салиева Хатиџе – IV одд.

ТОА ШТО МЕ ДВИЖИ

 

Многу сакам јас балет

Кога танцувам се чуствовам во лет.

Многу сакам јас да пејам

Внатре душата ми се грее.

 

Многу сакам јас да цртам

Освен кога гледам цртан.

Веќе хоби имам јас

Одам на курс по англиски час.

 

Во слободно време уживам и плетам

Од моите раци излегува среќа

Со дрвени игли, со шарени бои

Душата ми се полни од сето тоа.

 

Се прашувам себе – Што ми треба за среќа?

Одговорот го знам – Љубов што личи на цвеќе.

Уште сакам да дознам за себе

Што ме движи кога стојам?

 

Све имам јас за прекрасен живот

И убаво небо, и сонце, и климат

Чист воздух јас дишам кога стојам

Ми го исполнува чуството кое што ме движи.

 

Љубовта кон светот ми го стоплува срцето

И ме радува кога гледам на мајка ми ѕуницата,

На татко ми, и на сестра ми – душички мои

Тоа ме движи кога стојам.

 

 

+156