[Литература] Марија Секуловска – IV одд
“ Најсилните бои”
Што не движи кога се стои,
па тоа се сончевите зраци
со своите златно-жолти бои.
Бои кои топлина и надеж зрачат,
бои кои им дозволуваат на сите деца
и на виножитото да се качат.
Бои кои ги привлекуваат сите деца
своите рачиња слободно да ги пружат,
да бидат сложни,да се почитуваат
и верно сите заедно да се дружат.
Среќните деца весели песни ќе пеат
здружени и еднакви секое срце
со топлина и љубов ќе го згреат.
Без дискриминација и со еднакви права
е исто како да имаме волшебен клуч
за да ја отклучиме секоја брава.
Со инклузија во училиштата на едни ангели мали
докажуваме на сите дека има повредни нешта
и од скапоцени кристали!
Кога ја гледам таа убавина што позитивност дава
ме прави да чуствувам дека на еднорог јавам.
Мојот свет во кој јас живеам и творам
ме прави да бидам силна и за правата на сите деца
херојски со љубов и песна да се борам.