[Литература] Давид Димитриевски – IV одд.
ШТО МЕ ДВИЖИ КОГА СÈ СТОИ?
Што ме движи кога сè стои?
Ме движат големите соништа мои.
Сите да сме единствени, сложни како едно.
Секој човек е нешто скапоцено и вредно.
Да немаме предрасуди и да не се делиме
по раси или пак по бои.
Сите сме убави такви какви што сме,
различни, посебни и свои.
Што ме движи кога сè стои?
Ме движат во главата идеите мои.
Мајка ми вели – идеите се важно нешто,
ако имаш идеја можеш да смислиш сешто!
На пример, да измислиш машина
што ќе ги запре сите војни
или што ќе направи да исчезне гладот
во земји многубројни.
Што ме движи кога сè стои?
Ме движат среќата и љубовта мои.
Зошто секое дете од љубов расне.
Љубовта е сила што не може да згасне.
Aјде сите да шириме љубов
и тогаш кога сè стои!
Да го покриеме светот со љубов,
да го обоиме во весели бои.